Нови критериуми за оценување есеј за матура

Од 2015 година есеите на државната матура се оценуваат по нови критериуми.

[av_heading heading=’Критериуми за јазик’ tag=’h3′ style=” size=” subheading_active=” subheading_size=’15’ padding=’10’ color=” custom_font=” av_uid=’av-5g5idj’][/av_heading]

А. Јазик – вкупно 2 поена:

правопис и интерпункција – 1 поен;

синтакса – 1 поен.

1. Правопис:

– употреба на мала и голема буква;

– слеано и разделно пишување на зборовите;

– пренесување на зборовите;

– правопис на зборови

– правилна употреба на интерпункциски знаци.

2. Синтакса:

– правилна синтаксичка композиција на реченицата и нејзина функционална употреба.

 

[av_heading heading=’Критериуми за композиција на текстот’ tag=’h3′ style=” size=” subheading_active=” subheading_size=’15’ padding=’10’ color=” custom_font=” av_uid=’av-41238n’][/av_heading]

Б. Композиција на текст – вкупно 2 поена;

Во текстот јасно се издвојуваат:

– вовед;

– главен дел;

– заклучок / параграфско средување со сврзувачки реченици – 1 поен
– почитување на границата на предвидениот број зборови – 1 поен.

[av_heading heading=’Критериуми за креативност на текстот’ tag=’h3′ style=” size=” subheading_active=” subheading_size=’15’ padding=’10’ color=” custom_font=” av_uid=’av-39q2uv’][/av_heading]
В.  Креативност во содржина – вкупно 9 поени:

– разбирање на темата;

– развој на темата;

– креативно поврзување на деловите и содржината;

– фокус на основната идеја во темата;

– оригинални и креативни елементи во книжевни и некнижевни стилови;

– почитување на поставените барања;

– соодветна лексика.

 

Поточно:

– разбирање на темата со користење соодветни примери како докази во развој на темата – 2 поена;

– развој на темата со идеи и аргументи кои се основни за значењето на темата – 1 поен;

– креативно поврзани критички мисли со употреба на точни факти поврзани со темата – 2 поена;

– издвојување (фокусирање) на основната идеја во составувањето на текстот со оригинално и креативно поврзување на деловите – 1 поен;

– соодветна употреба на книжевни и некнижевни стилови во контекст на темата во која има оригиналност и креативност – 1 поен;

– создавање текст кој соодвествува на поставените конкретни барања дадени во упатството – 1 поен;

– употреба на лексика која е соодветна на видот на текстот и на темата – 1 поен.