Песни од Константин Миладинов:
Бисера
Бисеро моме, Бисеро,
шчо носиш бисер на грло?
Твоето грло хубаво
и от дробнаго бисера
хилјада п’ти побело.
Бисеро моме, Бисеро,
зошто со бисер покриваш
твоето грло хубаво?
Ја нејќу бисер да баца,
тук сака твоето грло.
Бисеро моме, Бисеро,
за кого нижиш бисер’т?
За кого готвиш дарои?
Ја дарој бисер не сака,
тук сака мома Бисера.
Голапче
Голапче, мало хубаво, голапче златокрилесто,
кога ти дојде при мене? И кога в часот побегна?
Уште ја глас ти не слушнаф, уште те арно не видоф.
Дан’ ми се, мило налјути? Дан’ ми се добро насрди
заш не ти хубост пофалиф? заш не ти крилја помазниф?
Ела ми, мило, ела ми, ела ми сега при мене.
Ја ке ти хубос пофалам, и ке ти крилја помазнам,
ја ке те тебе назобам се со дробнаго бисера,
ја ке те чува секога, мое ми мило, в пазува!
Желание
Кога ке доит при мене!
Кога ке седнит до мене!
Така си велеф ката ден.
Ја кога дојде у мене –
как ке излеза пред неја!
Да не би дошла никога!
Т’га за југ
Орелски крилја как да си метнех
и в наши ст’рни да си прелетнех!
На наши места ја да си идам,
да видам Стамбол, Кукуш да видам,
Да видам дали с’нце и тамо
матно угревјат, како и вамо.
Ако как овде с’нце ме стретит,
ако пак мрачно с’нцето светит:
На п’т далечни ја ке се стегнам,
и в други ст’рни ке си побегнам,
каде с’нцето светло угревјат,
каде небото ѕвезди посевјат.
Овде је мрачно и мрак м’ обвива
и темна м’гла земја покрива:
мразој и снегој, и пепелници,
силни ветришта и вијулици,
Околу м’гли и мразој земни,
а в’гради студој, и мисли темни.
Не, ја не можам овде да седам!
Не, ја не можам мразој да гледам!
Дајте ми крилја ја да си метнам
и в наши ст’рни да си прелетнам:
на наши места ја да си идам,
да видам Охрид, Струга да видам.
Тамо зората греит душата
и с’нце светло зајдвит в гората.
Тамо дарбите природна сила
со с’та раскош ги растурила:
Бистро езеро, гледаш, белеит
или од ветар синотемнеит:
поле погледниш, или планина
– сегде Божева је хубавина.
Тамо по срце в кавал да свирам,
с’нце да зајдвит, ја да умирам!
Не – непијам
Ми велет онје пијан сум;
А ја си не знам какво е
Т’ва пусто, шкуро пијанство!
Ја друго нешчо не сториф –
С’де си зедоф крај мене
Сафа со винце тиквешко
И си се малку нацицах.
Ми велет с’нки ноѕеве-
Ко д’ ода ми се валеет.
Земја се тресит, вервите,
За т’ва ноѕе валеет.
И ак’ си чукна главата
На ѕиздои и на камења,
И ак’ се цумки на чело,
От такви мали работи
Али требит да се плашиме?
У! пијаница, падинат!
Ми велет и се смеет.
Ко да им нешчо напраиф!
Шчо имат, ако падина?
Пак како јунак си станва.
Немојте усти погани,
Тук-така не клевете ме!
И пак ви верно пофтора:
Ја сосем не зна името
От тоа пусто пијанство. –
Ич не сум ја пијаница!
Шупељка
Ушче ко си беф малечек,
От клас си писка напраиф.
Со неја свиреф, подскаквеф,
И по зелени ледини
Си трчах по преперуги.
Достигне други години;
Да свира мило ми беше.
Радосен свирка напраиф
И со моите другари
Играф со срце весело,
Трчаф по поле широко,
Шетаф по гори високи
И низ езера поминаф.
Сега се други времина;
Ја сега нејќу да трча,
Не ми е мило да шета,
Ни сака игри другарски.
Сега шчо ми је најмило,
Дружба да има шупељка,
Да најда место високо,
Под ладна сенка д’боа:
Пред мене поле широко,
Под ноѕе рече да течит,
Над глаа ветар да шумит;
И ја на д’бот навален
Да свира со шупељката
Как ќе ме учит срцево.
Думание
Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам?
Окул-нокул јарка младост,
От љубовта барат ладост.
Тја лад не дат, пламен даат,
И во м’ки души клаат.
Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам? –
Јарка младост, јарко греит
И ко цвеќе ме венеит.
Барам сенка да с’оладвам,
В место сенка, в жарој падвам.
Зашчо, зашчо ја да љубам?
Зашчо себеси да губам? –
Младост срцето ми печит
Без надежда да м’излечит.
Ела, младост, усили се
И во мене угасни се!
Клетва
Кој клеветит праината божја,
Да му капнит јазик до грчм’ник:
Се да зборвит, нишчо да не кажвит;
Сите љуѓе него да слушает,
И пак сите да го одбегвеет;
Сам д’останет како улаица
И да кукат на камеиња голи!
Скрсти
Фала Богу, чудо шчо е ова!
Црна земја за вода жедна
Как сиромав за стребро и злато!
Три месеци капка не прокопа,
Облак ми се на небо не каза,
Небо горит како сач над главје.
Поле ми е сосем побелело,
Руда трева пепел се сторила,
Црна земја ми се испукала,
Бистри реки ми се пресекнале.
Волој бичет по поле за вода.
Сиромаси кутри се отрицвет
Да доживет до друга година.
Тешка, Боже, твоја десна р’ка!
Фала Богу, чудо шчо се стори!
Ден неделја рано на утрина
Си станаа попови и старци,
М’жи, жени, деца и девојки,
Со икони, с крстои на р’це
Се застовет на широко поле,
Ходет в п’тем и Богу се молет.
Попој, дјаци жаљовно се молет
И пригласвет мало и големо:
„Скрсти одам, вишниј Бога молјам,
Господи помилуј нас грешни.“
Фала Богу, чудо шчо сум видел!
Марков камен крај гора зелена,
А над него мољба се пееше,
Низ дрвјата мољба се раздава
По планини, на далечни места,
И се креват на високо небо.
Сино небо пак јасно над глаи,
Пак мољбата, мољба на Господа.
Врашчаепчем, крај црков дојдофме.
Чудо божје! Ситна роса фати. –
В цркоф влегвет икони д’остает,
Дош со крбли фати да туриват.
Земја жадна се искапи вода,
Реки пофтор големи протекое,
От ред ниви ми се нап’лние,
Сиромаси ми се зарадвее.
Побратимство
По планини, по друмои
Како шетаф, како скитаф,
Ето к’ идет самовила,
Самовила самогорска.
Пред лице је облак стоит,
А во него како ѕвезди
Светет очи самовилски.
Се приближвит и ми велит:
– Млад јуначе, зар не жалјаш
Ти твоите црни очи,
Та си дошол да ми шеташ
Во мојава ситна гора!
Ела сега ти по мене –
Ти да свириш, ја ќе играм.
Ако мене ти надсвириш,
Ти сум твоја посестрима;
Ако тебе ја надигра,
Тешко тебе от животта,
Горко тебе от младоста.
– Самовило самогорска,
Ја не жалјам црна живот,
Туку сакам посестримство
с’ самогорски самовили.-
Наљутена, насрдена
Трепна еднош со крилјата,
Дури облак се поткрена,
И се виде бело лице
Самовилско, огневито.
Лице блесна, дури срце
Ми го зави во пламења.
Трепна дважди, трепна трижди,
И ко бела преперуга
Та пред мене, ја по неја.
Стреде гора се најдофме.
На рамнина, на ледина
Се застои, ја засвириф.
Јаска свирам, таја играт.
Ко ветришча ко се се сретет,
Дури пушчат секаици.
Другиот ден ушче свирам.
Јаска свирам, таја играт.
Тамо, вамо искри падвет
Ко небесни да се ѕвезди.
Трекиот ден не престанва:
Јаска свирам, таја играт. –
Овде скокни, тамо скокни,
Како платно да се веит –
Дури ветки се нишает.
Наодзади уморена,
Покрај мене се навали
И ми велит: „Ја сум твоја
На сè живот посестрима.“
И от тога мој другари,
Не ме гибет дивотии,
Сабја сечит, се излеква
Оган горит, ме оздрава:
Ми е верна посестрима
Самовила самогорска.
Сираче
Сираче момче сејало
И једна песна пејало:
„Каде се чуло, видело
Седум години во село
Да сеа, жниа и пота
И от мојата работа
До зрнце да се изабит
От чужи да се разграбит!
А ја сираче да шетам
И улиците да метам,
Везден работа нивата,
Без да си крена главата.
Дожд да врнит? Но ја не седа,
А работата си гледа!
Вечер ќе зајит с’нцето,
Ја ушче шета полето.
Раното с’нце излегвит,
На нива мене досегвит.
Сите со лебец, со вода,
А ја без корка да ода!
Сите сос рубо шарено
И сос кадифе зелено,
А ја от сите терано,
Носам от сите раздрано.
Ако ме некој погледни
И покрај мене ми седни,
Мој нарачници проклети
Јадвени пушчат клевети.
Детска радост ко цвеќе
В пусто ми срце се суши,
И пред очите ми веќе
Само ми счастје се вруши.
Сите си имат роднина,
Со ним се смејет, си пејет,
А мој надежди в пустина
От силни ветри се вејет.
Некаква т’га ја има.
Сè прах и пепел се чинит.
Пред мене веков как в зима
Во темни м’гли се чинит.
На с’нцето
С’нце ле, с’нце ти златно,
Зашчо си пушчил ко платно
Околу тебе смолови
Темни облаци покрови?
Жити небесна ширина
И жити твоја светлина,
Темни облаци разсеи,
И јасно, с’нце, угреи!
Вервиш ли, с’нце, шчо ми е?
В стреде си мене завиен.
И сега темен, печелен
Ја се нахожда опален?
С’нце ле, с’нце премило!
По с’та земја си било;
Си видел други несчастен
Ко мене, с’нце, порастен?
Да живја, с’нце, без радост
Во најцветната ми младост! –
Кажи ми, има трпење?
Какво несносно м’чење!
С’нце ле, облак разсеи
И чисто, златно угреи!
И мене, с’нце, зарадви.
Еѓуптин делиа
Еѓуптин даиа
Направен делиа,
За да се напсует
И да се прочует,
В мало село влезе
И от којнот слезе:
„Еј – ви, бре, ѓаури,
Слушајте каури!
На гозба ви ида,
Сака ја да вида
Как’ чекате гости.
Много време има –
Една цела зима,
У вас как се кана,
За да се нарана
С кокошки печени
Со шеќер золени!
Ајде бре, ѓаури,
Послушни каури,
Којнот нараните
И мене зготвите
Кокошка печена,
На ‘ржен вртена,
И љута ракија,
За да се напија,
И погача нека
Бидит бела, мека.
Погледните убо
На моево рубо!
Јаска сум даиа
И страшен делиа;
Ако се разљута,
Ја многу не ќута:
Беса, гора, сеча,
На ‘ржен ве печа!
Ме разбрахте ега
Шчо ви права сега?“
Еѓупската сила
Сите уплашила.
Стојет кутри жени
От страг онемени:
Гледат даја страшен,
Со сабја опашен,
Со висока става,
Со калпак на глава,
Со пишчоли нареден
И со туфек вреден.
„Сега шчо чиниме?“ –
Жените велеха:
„На, ќе загиниме!“
И слѕи ронеха.
Кутрите станаха
И ми побегнаха.
Меѓу ним се згоди
Едно моме умно.
Му текна да оди
На нихното гумно:
На м’жи да кажи
И да им раскажи
Дељо кондисвење
И негобо плашење.
Ходит летаешчем,
Со р’цете маешчем,
„Чуеш, златен тате,
Дојде даиа страшен,
Со сабја опашен,
Со висока става,
Со калпак на влага,
С пишчоли нареден
И со туфег вреден. –
Фати да се карат
И кокошки барат,
На ‘ржен печена,
Со шеќер солена.
Боже моим, страшило
От века не било!
С еден глас уплаши
Сите жени ваши!“
Селјаните тамо
Како тва слушаха
С вилите на рамо
Дома се врашчаха –
Деља да поранет
И да го наранет
С кокошка печена
На вили вртена.
Еѓуптин как’ седна,
Околу погледна:
Куќата ја нема –
Жива душа нема.
Да речите право,
Се разљути здраво;
Да се карат фати
И главата клати: –
„А шчо ќе направа
За мојата слава,
Секој ќе ме види,
А ѓаури гиди!
Оган ќе запалја,
Никого не жалја;
Љуѓе ќе опера,
К’де ќе намера.“
Делиата скочи
С распшалени очи.
Но как виде тамо
Вилите на рамо,
Треската го стресе;
Думат тие че се
Туфуѕи шарени,
На рамо фрлени;
Че по врашка мера
Се крена потера.
От еѓупска сила,
Шчо се распалила,
Тој спасење барат,
И без да се карат,
Как’ опасност гледа,
Стрсвит без огледа:
Туфугот остават,
Којњот заборават:
Фашчат по планини,
За да не загини.
Опинци искина
По пуста планина;
Загина кремења,
От ноѕе ремења.
Сопни, падни, стани,
Со руби издрани,
Бега шчо ми бега,
Ето ми го сега.
Враѕи как’ отбегна,
До жена си легна: –
„Жено, завел жено,
Срце уплашено,
Јунашчина правам,
За да се прославам,
А после се стегам
И шчо моа бегам!“
На чуждина
Ја си дремам,
Зашчо немам
Шчо да чинам
На чуждина.
Имах дома
Една мома
Наружена,
Накитена; –
С’нце греит,
Ког’ се смеит.
Та ме љубит
И се губит
За моето
Счастје клето.
А ја тука
Беден пука
Од жалење,
Од страдање.
Крилја бара
на пазара
Да си метнам,
Та да летнам,
И да идам
Да ја видам;
Ама нема
Да си зема.
За тва седа
И за Неда
Мислеешчем,
Жалаешчем.
Ја не дремам,
Ами земам
Перо, книга
И со брига
Ахтам, дишам
И си пишам:
„Ах миленце,
Ти пиленце!
Как’ си била
Златокрила,
Крило павни,
Ветер мавни;
Над планини
На вишини
Подкрени се,
Оп’ти се,
И од тамо
Дојди вамо.
Чистороса,
Златокоса,
На рамена
Растурена
Коса фрли
И обгрли
Мене бедни
П’т последни.
Тога веќе
Мајско цвеќе,
Не ќе дремам,
А ќе земам
Расцутена,
Миск обелена,
Соколова
Живот нова.
Грк владика на Болгарите
А бре Болгари, големи глави,
Зашчо гоните Грци владици?
Кои се криви, кои се прави,
Ела да видим, бре безбожници?
Ето ја идам у вас владика,
Ја шчо ви правам, ако ве дерам;
От срце страшна жалост ми вика,
Како да можам пари да берам.
А бре Болгари, најпрости хора,
Бре шчо ви чинам, ако ве гнетам?
Зар ми је грижа ако разора
Та чужа земја к’де ја шетам?
Сите от еднош шчо се кренахте,
И с горделиво дигнати глави,
Викнете гласно ем шчо станахте:
„Нешем (нејќим) владици Грци лукави!“
Ај ви безумни мали дечина,
Зар ви се чинит че не можиме
Да в измамиме со симичина,
И низ прстите да ве броиме!
Сите от еднош се разбудихте;
Тоа на харно не ни мириса;
Но ак’ станахте шчо направихте?
Пак ја владика над глај ви виса.
И от Дунава до Бело Море
Народно сејте сегде учение
И велегласно секој говоре
Какво от наска трпи м’чение.
Право да кажа това нас плаши;
Но пак над глајте ја сол ви триа,
Да ни се живи срествата наши,
Тие работет ако ја спиа.
Шчо направиха вашите кмети,
Ако нас против в Стамбол станаха,
Нихните зборој нови клевети
Сит’ европејци ги почитаха.
Гласојте ваши, глас во пустина;
Викате вие, м’лчиме ние.
Је многосложна наша машина,
На запад сеит, на север жние.
На лево вртит, на десно берит,
И ако мало фати да криви,
Но своеволно ушче та мери
Ваши житници, и наши ниви.
Книгите ваши, историја ваша
В народогубач оган фрлихме,
И будушнос ви с р’ката наша
Во темен облак ви ја завихме.
Мие по наша совест правихме;
А вие љуѓе зелени борој,
Не нè разбрахте, како пост’пихме,
И се стекохте веднаш как’ порој;
Со ластоварки стари и млади
Сарајот мои обколисахте;
Светии владико, ах бога ради
Доста нас гибаш, сите викахте!
Биди ни татко, а мие чеда,
И под твоето земи нè крило!
А ја на криво све това гледа,
И пред вас станва страшно плашило.
Знајте, сте чули исторја страдна,
Како ја шепнах к’де шчо треби,
И сила грозна на вас нападна
И беспошчадно сите истреби.
Вистина гласот наш тро’ осипна,
Не грмит јасно в нашите уши;
Но на јуначка нога ак’ рипна,
Над вас зло горко ќе се разруши.
Но какв облак от запад падна?
Какви от север секајци светет,
И наша стара волја прежадна
Во извртките ишчет да сплетет?
Ето и тој шчо нас слушаше,
На, сега узна с’та вистина;
Напред со милост тој нас венчаше,
Сега наградвит горка правдина!
Народот стана со восхиштение,
И благодарност богу туриват;
Сегдека радост, сегде учение,
А наше срце в отчајание пливат.
Ах, како кутар да заборава
Нашата слава в старото време!
Надежда светла сега н’ остава,
И на нас останвит чуждото племе!
Но пак как’ пастир ја ваш владика,
Ја со душевно к’м вас смирение
От чисто срце, как’ татко вика,
Да направиме пермирение.
„Некако јаска по напред мижех,
От вас собирах дупки да крпам;
Ако как’ овчар вас тога стрижех,
Сега ќе фата просто да дрпам;
Но вие да сте слепи и неми;
Да ве огољвам и да ве мољам:
„Не зема чеда!“ велите „земи“.
И без да сака ја вас ве гољам.
Ќе речам дај ми? ти ако немаш,
Продај шчо имаш, продај си песот,
И добар биди со лихва за земаш,
Ак’ твојте коси стрчет низ фесот.
Да си остајте вашето пение,
Сè шчо народно да заборајте,
Земите слепо грцко учение
И по нашата свирка играјте.“
Такви отст’пки ви направихме,
По наша совест с’ чисто смирение,
И всепокорно ви ги оставихме
Да видим ваше полн’ одобрение.“