Матурски прашања (синтакса)

Матурски прашања од областа синтакса.

Прашања за повторување и вежбање
(голем дел се адаптирани од матурските тестови):

 

1. Определи каков прирок е употребен во реченицата: „Книгава е многу интересна.“
а) прост глаголски прирок; б) сложен глаголски прирок; в) глаголско-именски прирок.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-2ll5p31′]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-2k2k8wt’]
в) глаголско-именски прирок
[/av_tab]

[/av_tab_container]
2. Определи каков прирок е употребен во реченицата: „Успеав да се подготвам за тестот.“
а) прост глаголски прирок; б) сложен глаголски прирок; в) глаголско-именски прирок.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-2ie3gpp’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-2gygyul’]
б) сложен глаголски прирок
[/av_tab]

[/av_tab_container]
3. Реченицата: „Учениците од четврта година се победени од учениците од
трета година“ е:
а) активна; б) пасивна; в) безлична.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-2evgkcd’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-2crzfzh’]
б) пасивна
[/av_tab]

[/av_tab_container]
4. Одговори која од следниве реченици е безлична.
а) Луѓето во тој крај одгледуваат пченка и пченица. б) Во тој крај се одгледува пченка и пченица.
в) Сите во тој крај одгледуваат пченка и пченица.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-2bl1g4d’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-85cj31′]
б) Во тој крај се одгледува пченка и пченица
[/av_tab]

[/av_tab_container]
5. Одговори каква зависносложена реченица е следнава:
И покрај тоа што беше болен, со задоволство одеше таму секоја недела.
а) условна; б) причинска; в) допусна.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-28thzhp’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-26hdv59′]
в) допусна
[/av_tab]

[/av_tab_container]
6. Во реченицата „Пред куќата се паркирал камион натоварен со буриња“ придавскиот атрибут е зборот:
а) паркирал; б) камион; в) натоварен.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-24cwy7h’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-7kx5bh’]
в) натоварен
[/av_tab]

[/av_tab_container]
7. Сврзникот за последични реченици е:
а) како што; б) така што; в) зашто.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-211oolp’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-207td6l’]
б) така што
[/av_tab]

[/av_tab_container]
8. Независносложената реченица: „Промени го портирот или јави се“ е:
а) составна; б) спротивна; в) разделна.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-1y0u02l’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-1woo8y5′]
в) разделна
[/av_tab]

[/av_tab_container]
9. Определи каков вид граматички предмет има во реченицата:
Мислев на своите родители.
а) директен предмет; б) индиректен предмет; в) предлошки предмет.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-1ueesal’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-1tcd6ql’]
в) предлошки предмет
[/av_tab]

[/av_tab_container]
10. Определи каков вид граматички предмет има во реченицата:
Ги почитувам моите родители.
а) директен предмет; б) индиректен предмет; в) предлошки предмет.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-1ryocl9′]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-1pebsy5′]
а) директен предмет
[/av_tab]

[/av_tab_container]
11. Определи каков вид граматички предмет има во реченицата:
Нему му ја подарив книгата.
а) директен удвоен предмет; б) индиректен удвоен предмет; в) директен удвоен предмет и индиректен удвоен предмет.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-1nulufx’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-1n2rtwt’]
в) директен удвоен предмет и индиректен удвоен предмет
[/av_tab]

[/av_tab_container]
12. Реченицата Ако не дојдеш навреме ќе си заминам, претставува:
а) допусна реченица; б) условна реченица; в) целна реченица.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-1lu56el’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-1jby7z1′]
б) условна реченица
[/av_tab]

[/av_tab_container]
13. Определи кој дел од реченицата е зависна односна реченица:
Ќе си добие во нозете оној што нема во главата.
а) добие во нозете; б) што нема во главата; в) во нозете оној што.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-1ia1zbh’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-59alot’]
б) што нема во главата
[/av_tab]

[/av_tab_container]
14. Подвлечи ја прилошката определба за време во следнава реченица:
„Најголем дел од таа област денес е покриен со скоро непреодна џунгла“.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-1eq4sa5′]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-1clp5n1′]
денес
[/av_tab]

[/av_tab_container]
15. Прилошката определба во реченицата „Се тресат од страв стебленцата на ружите“ е за:
а) место; б) начин; в) причина.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-1byj6hp’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-192sebx’]
в) причина
[/av_tab]

[/av_tab_container]
16. Определи го предлошкиот предмет во реченицата: Со малата крошна мајката му подаде шумски јагоди на детето.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-18hpnil’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-15utsu5′]
со малата крошна
[/av_tab]

[/av_tab_container]
17. Во реченицата: Гостинот беше многу изненаден од неговата постапка, прирокот е:
а) глаголски; б) глаголско-именски; в) именски.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-15b87lp’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-12nucrx’]
б) глаголско-именски
[/av_tab]

[/av_tab_container]
18. Каква зависносложена реченица е следнава: Многу беше загрижена зашто не знаеше што ќе се случи.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-11b6li5′]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-zrf4zh’]
причинска
[/av_tab]

[/av_tab_container]
19. Во реченицата: Утре со вас ќе одиме на концертот предметот е:
а) директен; б) индиректен; в) предлошки

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-yk2cpp’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-vr2ld9′]
в) предлошки
[/av_tab]

[/av_tab_container]
20. Употреби го соодветниот сврзник на празното место во составната независно сложена реченица која има цел да искаже одречување. Благоја __________ се насмевна, _________ кажа збор за сликата пред него.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-ufdzj1′]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-sbqfot’]
ни/ниту; ни/ниту
[/av_tab]

[/av_tab_container]
21. Определи кој збор е предлошки предмет во реченицата: Сонцето срцето го премачкува со оган. ______________

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-r2d7e5′]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-pkqwnh’]
со оган
[/av_tab]

[/av_tab_container]
22. Одговори кој од следниве зборови е сврзник.
а) убаво; б) веројатно; в) откако.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-nrhsr1′]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-mxmwrh’]
в) откако
[/av_tab]

[/av_tab_container]
23. Придавката златен спаѓа во:
а) описни придавки; б) односни придавки; в) заменски придавки.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-lf416l’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-irjqvh’]
б) односни придавки
[/av_tab]

[/av_tab_container]
24. Одговори каква е според видот следнава зависносложена реченица: Јас со право ви зборувам вака за светот зашто го познавам. ____________________________

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-h0hih9′]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-frb53h’]
причинска
[/av_tab]

[/av_tab_container]
25. Во реченицата „Постојано се слушаа некакви гласови од соседната соба“ предметот е:
а) директен; б) индиректен; в) предлошки.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-1fo97h’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-bruqvx’]
а) директен
[/av_tab]

[/av_tab_container]
26. Декларативен сврзник е:
а) дека; б) кога; в) зашто.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-aspqrh’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-9mfbnx’]
а) дека
[/av_tab]

[/av_tab_container]
27. Одговори каква зависносложена реченица е следнава: Многу беше загрижена зашто не знаеше што ќе се случи со нејзиниот татко.
а) условна; б) причинска; в) допусна.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-7c45a5′]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-54qmwt’]
б) причинска
[/av_tab]

[/av_tab_container]
28. Одговори која од следниве реченици е безлична.
а) Во градот зборуваат за најновата афера; б) Во градот се зборува за најновата афера; в) Сите во градот зборуваат за најновата афера.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-464pil’]
[av_tab title=’Одговор:’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-24ztkd’]
б) Во градот се зборува за најновата афера.
[/av_tab]

[/av_tab_container]