
Федерико Гарсија Лорка
(1898-1936)
Федерико Гарсија Лорка (1898-1936) е шпански поет, драмски писател, режисер, пијанист, сликар и музичар.
Роден е во Фуентевакверос, во шпанската провинција Гранада. Во 1919 година за првпат го посетил Мадрид каде се запознал и се спријателил со големите шпански уметници – Салвадор Дали, Луси Буњуел, Бергамино и др. Во 1923 година ги започнал студиите по право во Гранада каде што престојувал подолго време. Пролетта 1930 година престојувал во Њујорк и во Куба.
Во 1931 година, заедно со Едуардо Угарте, е именуван за директор на универзитетскиот театар “La Barraca”, а во текот на1933-1934 година патувал по Јужна Америка (Аргентина, Бразил и Уругвај). Во декември 1934 година се вратил во Шпанија. Поради своите напредни идеи, на 19 август 1936 година Лорка бил стрелан од фрнкистите и една од првите жртви на овој фашистички режим. Веднаш потоа неговите дела биле запалени на плоштадот Кармен во Гранада.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
Најпознати негови дела се:
„Песни“ (поезија), „Цигански романсеро“ (поезија), „Поет во Њујорк“ (поезија), „Крвави свадби“ (драма), „Домот на Бернарда“ (драма).
Најпознати песни му се: „Неверна жена“, „Плач за Игнасио Санчес Мехијас“ (напишана по повод смртта на големиот пријател на Лорка – славниот шпански тореадор во август 1935 година) и „Романса на шпанската жандармерија”
Во основата на неговата поезија лежат народните и циганските песни од Андалузија, но со нов, оригинален и модерен поетски јазик.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
Неверна жена
(На Лидија Кабрера и нејзината Црнкиња)
*
Ја одведов до реката
верувајќи девојка е
но мажена била таа.
*
На Свети Јаго беше ноќта,
ноќ за средба нарачана.
Штурците се запалија
штом фенери изгаснаа.
Крај задните куќи повтев
сонни гради да ѝ галам,
што наеднаш како зумбул
расцутеа в китка јадра.
Ми зашуми в уши тогаш
таа пола колосана
ко од десет остри ножа
парче свила што се пара.
Без светлина во крошните
гледав дрвјата кај растат,
дур лаеше хоризонтот
од кучиња зад реката.
* * *
Ги минавме капинките,
глоговите, сиот шамак
под џбунката коси нејни
се напраави длапка мала.
Ја одврзав краватата.
Фустанот го слече сама.
Јас коланот со револвер.
И четврти елек таа.
Ниту смилот ни школката
нема толку нежна снага,
под месецот кристалите
не треперат ни сјаат така.
Колковите ѝ бегаа
како риби в изненада,
половина полни оган
половина сенка ладна.
Таа вечер ја поминав
на патот мој најубав
на ждребица седефена
без узда и узенгија.
Човек сум и не ми личи
да зборувам што ми кажа.
Совеста ми заповеда
со тоа да не се фалам,
Ја одведов од реката
од бакнежи и песок кална.
Лилјанови бели сабји
со ветрот војуваа.
И постапив каков што сум.
Циганите како прават.
Кошница ѝ дарив жолта
плетена од тенка прачка,
и не сакав да се вљубам,
зашто маж имајќи таа
кога на река ја водев
за девојка ми се кажа.
Газела за очајната љубов
Ноќта не доаѓа
за да не дојдеш ти
и за да не дојдам јас
Но, јас ќе дојдам дури и
од сонцето на скорпијата голтнат
Но ти ќе дојдеш со изгребан јазик од дождовите на солта.
Денот не доаѓа
за да не дојдеш ти
и за да не дојдам јас
Но јас сепак ќе дојдам
на жабите давајќи им го скинатиот
каранфил свој.
Но ти ќе дојдеш
низ темни улици на ноќта.
Ни ноќта ни денот иде
по тебе за да умрам
и по мене мртва да бидеш.
Гитара
Почнува да тажи
гитарата.
Се кршат чашките
на зората.
Почнува да тажи
гитарата.
Залудно ја замолчуваш
Нема да молчи
таа.
Тажи монотона
водите како што тажат
ветројте како што тажат
на снегот.
Нема да замолчи
таа.
Тажи по далечни
нешта.
Песок на жешкиот југ
камелии бели што бара.
Стрелата без цел ја тажи.
вечерта без утре.
И првата птица
на гранка
Ох, гитаро!
Срце рането
со пет меча.