Егзистенцијализам е правец што се појавува во триесеттите години на XX век во Германија, а по Втората светска војна се проширува во целиот свет, а особено е популарен во Франција.
Основен проблем што го разгледува егзистенцијализмот е човековата егзистенција под која се подразбира можноста на човекот да избере како ќе дејствува. Слободниот избор со себе ја носи и неизвесноста и несигурноста, па затоа тука доаѓаат до израз егзистенцијалните проблеми.
Ова учење се јавува во три варијанти:
1. Филозофија на егзистенцијата, која светот го гледа како дехуманизиран и автоматизиран, а излезот го бара во комуникацијата. Нејзин втемелувач е Карл Јаспес.
2. Егзистенцијална филозофија, воведена од германскиот филозоф Мартин Хајдегер според кого егзистира само човекот. Тој разликува: неавтентична егзистенција (кога луѓето живеат според определено клише) и автентична егзистенција (пронаоѓањето на себеси и сопствената слобода).
3. Егзистенцијализам, каде се нагласува слободниот избор на човекот за своите постапки. Ваквата слобода носи одговорност, а и мачнина заради чувството на отуѓеност во светот.
Претставници се: Жан Пол Сартр и Албер Ками.
Во романот „Странецот“ од Албер Ками е прикажано современото отуѓување на човекот од општеството и бесмислата на живеењето.
Главниот лик во романот – Мерсо, е човек на новото време, отуѓен од општеството неприфаќајќи ги неговите норми, атеист по убедување. Тој е слободен човек, со можност за слободен избор.
Неговиот проблем е во сфаќањето на таа слобода бидејќи станува незаинтересиран за сè што се случува околу него. Смета дека човековиот живот е безвреден и дека е сеедно како ќе се живее зашто и така мора да се умре.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
За него е сеедно дали ќе ја види за последен пат мртвата мајка, дали ќе пие кафе и ќе пуши цигари додека и се оддава последна почест, дали ќе се ожени со Марија или не. Сѐ му е сеедно.