
Зачетник на натурализам – Емил Зола
Натурализам е правец кој ја претставува последна фаза на реализмот и егзистира во периодот од 1870 до 1890 година.
Терминот натурализам е преземен од филозофијата каде означува материјализам, епикурејство (лагодност на животот) и световност.
Натуралистите го потенцираат човековото биолошко потекло, како и влијанието на средината. Тие многу внимание му обрнуваат на детаљот при фактографското и аналитичкото прикажување на стварноста.
Главен претставник и заговорник на натурализмот е францускиот писател Емил Зола. Тој собира натуралистичка група автори кои објавуваат збирка раскази во вид на манифест „Медански вечери“ (се собирале во Золината вила во Медано). Како автори се појавуваат: Ги де Мопасан, Пол Алексис, Анри Сеар, Леон Еник и Уисманс.
Во исто време се јавува и натуралистичкиот театар во Франција кој се залагал за реален и детален приказ на баналностите на секојдневието.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
Хенрик Ибзен е норвешки драмски писател, кој ќе го одбележи развитокот на драмата кон модерната драматургија, создавајќи ја т.н. аналитичка техника во водењето на драмското дејство.
Руски натурализам
Претставник на рускиот натурализам е Антон Павлович Чехов.
Карактеристично за неговото прозно творештво, за неговите раскази и новели, е тоа што тој не прикажува големи настани, ниту големи ликови. Фабулите се обично многу едноставни и со нив тој предизвикува впечаток, создава расположение и специфична атмосфера, па преку таа атмосфера, преку размислувањата, расположенијата, тагата или радоста, тој ликовите целосно ги оформува и објаснува.
Неговите раскази се обично куси, но содржајни, проткаени со хумор или блага иронија и секогаш присутна една тажна нотка.
Темите што ги обработува се разни, критички опфаќајќи ги сите сегменти на општественото живеење.
Освен раскази, Чехов пишувал и драми.
Чехов како творец на лирската драма е претставник на модерната литература.
Во неговите драми, ликовите не ја живеат сегашноста која е сива и монотона, туку живеат во минатото, во мечтите, во свет создаден од самите нив.