Честите примери на двоумење при пишувањето на самогласките е, о, у, се:
отсутен (не: отсатен)
присутен (не: присатен)
всушност (не: всашност)
збогум, молкум (не: збогом, молком)
долу (не: доле)
пумпа (не: помпа) – за испумпување течности
ваму (не: вамо)
околу (не: окулу)
Правила за пишување на Е, О, У
1. Самогласката Е се пишува во зборовите:
Еден, единаесет, еребица, занает, штавеј, заем, наем, заемно (не: взаемно), орев (мн. ореви), трева;
цеди, цел, жеден, жетвар, џеб, шепоти;
четиво, но: чита, читанка, тенок и танок;
се.
2. Со о се пишуваат зборовите:
бомба, бомбаш, комита, команда, рогозина, мотика;
веројатно, веројатен, веројатност;
сопруг, сопруга;
сосед, соседство;
црковен (не: црквен);
земјоделец, земјоделство.
3. Со у се пишуваат зборовите:
а) гужва, гуска (не: гаска), густ, желудник, круг, кружен,
куќа, округ, окружен, мудар, мудрец, мудрост, премудрост, оружје, оружен, вооружен, вооруженост, вооружение, отсутен (не: отсатен), отсустност, отсуство, присутен, присуство, присутност, присуствува (не: присаствува), пупка, суд, суди, судија, сушност, суштина, сушт, всушност, суштествен, суштествува, насушен;
кус, скуден, судба, судбина, судбоносен, суреди, труба, труби;
нуди, понуди, понуда;
б) дури, такуѓере, уште, пуздер, пумпа (не: помпа), туку, осум, седум, седумдесет, осумдесет, сум;
в) викум, збогум, квечерум, молкум, ничкум, назорум, простум, редум, светрум, родум и др. (не: виком и сл.);
близу, блиску, далеку, долу (не: доле), колку, неколку, николку, олку, онолку, толку, малку, малу, многу;
ваму, онаму, таму, натаму, околу, наоколу;
инаку, наопаку, опаку, токму, туку и др.
Вежба
Петар со денови беше отсатен од работа зашто поплавата му ги уништи нивите. Взаемно си помагаа со соседите окулу расчистувањето на големиот смет. Најпрво со големи помпи ја ишмукаа водата, а потоа со запрежни коли ги однесоа гранките доле во селото. Всашност, земјата беше уништена. Петар молком ги гледаше своите валкани нокти откако ја пикна раката во кал до лактот. Безнадежно погледна гору кон небото барајќи помош од сонцето.
[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-493h8z’]
[av_tab title=’Кликни да го видиш точниот одговор’ icon_select=’yes’ icon=’ue825′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-1ybl0j’]
Петар со денови беше ОТСУТЕН од работа зашто поплавата му ги уништи нивите. ЗАЕМНО си помагаа со соседите ОКОЛУ расчистувањето на големиот смет. Најпрво со големи ПУМПИ ја ишмукаа водата, а потоа со запрежни коли ги однесоа гранките ДОЛУ во селото. ВСУШНОСТ, земјата беше уништена. Петар МОЛКУМ ги гледаше своите валкани нокти откако ја пикна раката во калта до лактот. Безнадежно погледна ГОРЕ кон небото барајќи помош од сонцето.
[/av_tab]
[/av_tab_container]