Почетна » македонски јазик » правопис » Правопис и правоговор

Правопис и правоговор

Правопис

.

Правопис претставува правилна употреба на графичките знаци.

Правописот е збир од правила и законитости за пишување на зборовите, односно за пренесување на кажаното по писмен пат според општоприфатените правила.

Правописот на даден јазик го следи развојот на јазикот во сите сфери на употреба и како резултат на тоа, доживува измени.

.

Изданија на македонскиот правопис

.

Првиот Правопис на македонскиот литературен јазик е отпечатен 1945 година во издание на Државното книгоиздателство на НР Македонија. Со неговото издавање започнува унифицирањето на македонскиот стандарден јазик.

Заради потребата од дополнување, како и коригирање и усогласување на некои одделни форми (формите од типот кажуе беа заменети со формите кажува), 1948 година беше отпечатено ново издание.

Во 1970 година излезе од печат Правописот на македонскиот јазик со правописен речник. Ова издание беше дополнето и проширено со три оддела: Транскрипција на туѓите имиња, Скратеници и скратување на зборовите, Правописни знаци; во однос на изданието од 1950 година.

Во 1998 година, со изменет и дополнет текст излезе ново издание на Правописот од група автори. Следната 1999 година е отпечатен и Правописниот речник од Кирил Конески.

Најновото, ексклузивно издание на Правописот излезе од печат во 2016 година, кое поради својата цена и мал тираж не дојде до голем број корисници.

Но, 2017 година беше објавено второ издание од Правописот кое е достапно на интернет.

.

 

Правоговор

.

 

Правоговор е правилен изговор на напишаното и изговореното.

 

Секој зборувач на стандардниот јазик е должен да ги почитува правописните и правоговорните правила.

Правописот и правоговорот, како и целокупната јазична култура е дел од општата култура на човекот.

 

Содржина на правописот

 

Правописот ги содржи следните поглавија:
  1. Пишување на гласовите
  2. Акцент
  3. Употреба на голема буква
  4. Слеано и разделено пишување на зборовите
  5. Делење на зборовите од крајот на редот
  6. Скратеници и скратување на зборовите
  7. Транскрипција на туѓите имиња
  8. Предавање на македонското писмо со латиница
  9. Интерпункција
  10. Правописни знаци
  11. Географски и други имиња

 

Scroll to Top