Стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин е составена од 12 песни, од кои 2 се циклуси (со по 6 и 7 песни) напишани на велешки дијалект со примеси од западномакедонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми.
Според лирскиот вид, сите песни во збирката се социјални, а мотивите се: аргатски, печалбарски, за пропаднатите занаети, елегични и револуционерни.
Насловот на стихозбирката е симболичен — пејзаж кој е посакуван од работниците, аргатите и сите експлоатирани луѓе. Тоа е ново утро, нов почеток, нов живот во кој сите ќе бидат еднакви.
„Бели мугри“ е создадена под влијание на народната поезија, на „Зборникот“ на Браќата Миладиновци.
Прочитај ја целата стихозбирка „Бели мугри“.
Песни со аргатски мотив
Со аргатски мотив се песните: „Денови“, „Селска мака“, „Тутуноберачите“, „Печал“.
Денови
Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале
Денови ли се — денови
аргатски маки големи!
Стани си утре порано
дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси —
ај пуст да е, пуст да би
останал живот кучешки!
Роди се човек — роб биди
роди се човек — скот умри
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.
За туѓи бели дворови,
копај си црни гробови!
За себе само ’ргај си
за себе маки тргај си —
нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,
нижи си синџир железен
околу вратот навезен!
На почетокот од песната „Денови“, преку компарација, поетот ги опишува тешките аргатски денови. Тие се толку мачни — како ѓердан од камења постојано висат на вратот од аргатот.
Во продолжение, Рацин ги опишува аргатските денови, долги, неиздржливи, денови што започнуваат со надеж дека нешто ќе се смени, но завршуваат со истата тага и очај дека ништо не се сменило.
Употребувајќи го контрастот (наутро радост понеси — навечер тага донеси) тој го засилува чувството на безнадежност. И уште повеќе: со метафората „живот кучешки“ го завршува овој дел.
Врвот на незадоволството и деградацијата на наемните работници е претставена во третиот дел од песната. Аргатите се принудени да работат за друг за да преживеат. Тие повеќе не се слободни луѓе, туку се робови на експлоататорите кои им плаќаат толку малку, колку да сврзат крај со крај. Повторно употребувајќи го контрастот (бели дворови — црни гробови) ја потенцира огромната социјална разлика (некој може да живее раскошно, а за другите гробот е доволен).
Во завршните стихови, во исчекување на барем малку оптимизам — го дочекуваме крајниот безизлез. Поетот го прикажува постојаното, трајно страдање на аргатите кои до крајот на својот живот ќе си го нижат ѓерданот од тешки денови. Метафорично го претставува како железен синџир од алки ковани.
Освен наведените стилски фигури, поетот употребува епитети (камења студени, маки големи, живот кучешки, скотски живот, бели дворови, црни гробови, синџир железен); како и анафора (повторување на исти зборови на почетокот од стихот – роди се…, за себе…,нижи си…).
Според мотивот (аргатски), песната е под директно влијание на народната поезија. Со бавен ритам и патетичен тон се искажани елегичните чувства за тешкиот живот на македонскиот народ.
Песната ја сочинуваат осум строфи и тоа четири со по четири стиха (катрени) и четири со по два стиха (дистих). Стихот е осмерец и не е римуван (бели стихови).
Тутуноберачите
а можат ли да го измерат,
нашиов тутун — нашава мака
нашава солена пот!
Од темни зори на утрини летни
до никоја доба на вечери зимни
тој гладно пие тагата наша
и потта и крвта и снагата ни.
Жолт — жолти прави лицата бледни
и жолта гостинка у градите носи.
По утрини росни, по мугрите пресни,
наведени ничкум по полињата родни
Зачмаени ние го береме.
Лист по лист кини,
лист по лист нижи,
лист по лист превртуј, притискај,
лист по лист милно, таговно реди
и на долга низа од капки пот
и надеж со клетва и зелена јад,
со коров поглед на очите матни
по кревките лисја жолтозлатни
прикаска горка на живот клет
нанижи безгласна а така јасна.
Та не знаеш ли?
Денот ли дојде тој да се мери —
мерка му нема, а в градите длаби
без да се запре, без дно да најде
не тага а клетва, и в очите матни
и не сакајќи сама се дига
фуријата.
Кантарот носи лисјето златно
а в гради луто далгите беснат
на жолтата мака — на жолтиот тутун
на жолтата пот на рацете ни!
Елегии и балади
Ленка
кошула тенка ленена
недовезена на разбој
и на наломи отиде
тутун да реди в монопол —
лицето ѝ се измени
веѓи паднаја надолу
и усти свија кораво.
за тија пусти тутуни!
Тутуни — жолти отрови
за гради — китки розови.
втора година намина
болест ја в гради искина.
Трета година земјата
на Ленка покри снагата.
И ноќе кога месечко
гроб ѝ со свила виеше.
Ветерчок тихо над неа
жална ѝ тага рееше:
„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше даровна…“
Мотив на пропаднатите занаети
Револуционерен мотив
Копачите
Се к’ти ноќта црна!
Се рути карпа — мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори —
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден!Пробудете се морни
копачки и копачи —
на трудот
црн
народ!
Со мотика на рамо
за корка сува леб,
по патиштата стрмни,
по полињата рамни,
у вивналиов ден
да тргнеме и ние
страдалници од век!
На деда Богомил
земјата ровка, мека,
набабрена за род,
со страдна душа чека
ударите ни јаки
со мотиките остри
по троскот
пелин
трат!Да прокопаме меко
полињата родни
афион, тутун, житце
да родат благородни.
И по кривите вади
да пропуштиме води
за оризите млади
и зелени лободи.
На работа!
На труд!
Да роди род богат!
Да бликне живот млад!
На пепел, троскот, пелин
во огин пламен јад!
Жилите да пуштат
корења длабоко
плодови да бликнат
високо, високо
слободно
на воздух!
Ораме со рало
но земjата ни златна
колку е богата!
На пепел троскот, пелин!
Во огин пламен јaд!
Да престане, да снема
тагата голема
за голиот живот
на човек
станал –
скот.
И в тaјa мугра пресна
да екне дружна песна
на дружните удари –
та биjат срца млади
и растат силно гради
пребликнати со јaд!
Од сички маки тешки
не видовме бел ден,
а од солзи жешки
не стануе меден
нашиот живот!
На работа!
На труд!
Та не сме саде ние
та не сме саде тука —
ние сме по цел свет
безбројни
милиони,
на трудот
црн —
народ!
Да биде честит денот
и првата ни стапка
у првиот ни век!
Ќе мине силен ек
Ќе б’сне сонце златно —
по секаде на светот
ќе згине срамно гнетот —
ќе л’сне живот нов!
И реки ќе потечат
и бреме ќе одвлечат
на вековите смрт!
Реките од живи
и пробудени сили
на копачи
копачки
и страдни
голи
гладни
по целата земја!
Се к’ти ноќта црна!
Се рути карпа — мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори —
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден!
Пробудете се морни
копачки и копачи —
на трудот
црн
народ!