Вежби за придавки
Следните вежби и задачи се за повторување на:
а) придавки и видови придавки;
г) функциите на придавката во реченицата.
Вежби за придавки:
1. Од следните зборови издвој ги придавките: моли, молба, молење, молител, замоли, замолен, молејќи, дом, дома, домаќин, домашен, задомена, домување, домува.
2. Направи морфолошка анализа на следните придавки (да се определи видот, родот, бројот, членот, степенувањето):
најубав, умствената, десеттото, нејзини.
3. Образувај придавки од следните зборови: сестра, Стојан, Македонија, Охрид, есен, орел, овца, коза, црква, училиште, липа, крв.
а) Дали може да се образуваат споредбени степени од овие придавки? Зошто?
4. Определи ја функцијата на придавките во следните реченици:
а) Убавиот цртеж е на Марија.
б) Оваа маса е најмала.
в) Неговата брада е црвена.
г) Богатите никогаш не ги разбираат сиромашните.
д) Петтиот добитник на наградата е старецот.
Одговори:
- молител, замолен, домашен, задомена
- Морфолошка анализа значи да се определат сите морфолошки (граматички) белези на еден збор. Кај придавките тоа се: видот, родот, бројот, членот и степенувањето. Ако се дадени во реченица, тогаш и функцијата на придавката во реченицата.
најубав – описна (квалитативна), во машки род, еднина, нечленувана, суперлатив.
умствената – односна, во женски род, еднина, членувана.
десеттото – бројна, среден род, еднина, членувана.
нејзини – заменска, множина, нечленувана.
-
сестра – сестрин,
Стојан – Стојанов,
Македонија – македонски,
Охрид – Охридски,
есен – есенски,
орел – орелски,
овца – овчи,
коза – козји,
црква – црквен, црковен,
училиште – училиштен,
липа – липов,
крв – крвав.
а) Дали може да се образуваат споредбени степени од овие придавки? Зошто?
Не можат да се образуваат споредбени степени затоа што сите овие придавки се односни.
-
а) Убавиот цртеж е на Марија. – убавиот – атрибут
б) Оваа маса е најмала. – најмала – дел од именскиот прирок
в) Неговата брада е црвена. – неговата – атрибут; црвена – дел од именскиот прирок
г) Богатите никогаш не ги разбираат сиромашните. – богатите – подмет, сиромашните – предмет
д) Петтиот добитник на наградата е старецот. – петтиот – атрибут, старецот – дел од именскиот прирок.