Почетна » македонски јазик » морфологија » Вежби за сегашно време

Вежби за сегашно време

Сегашно време е проста глаголска форма. Означува дејство што се случува во моментот на зборување. Се образува од основата на несвршени, трајни глаголи и наставките:

еднина
1л. -м
2л. -ш
3л. /

множина
1л. – ме
2л. – те
3л. – ат

 

Вежби

1. На празните места напиши го глаголот во соодветното лице во сегашно време:

а) Живее

Јас ( ) во Скопје.
Петре ( ) богато.
Ние ( ) од денес за утре.
Соња и Наум ( ) во Охрид.

 

б) Учи

Ти ( ) од тетратка.

Ти и Дарко ( ) секој ден заедно.

Тој ( ) во автобус.

Тие ( ) во ГУЦ.

 

в) Сака

Драгица и Трајче ( ) да си одат дома.

Вие ( ) да купите кола.

Јас ( ) да научам македонски.

Ти ( ) убав телефон.

 

г) Знае

Јас и Ѓорѓи ( ) многу работи.

Јас ( ) дека ништо не ( ).

Тие ( ) да пишуваат.

Сања ( ) да плете.

 

д) Пишува

Ние ( ) брзо, а тие ( ) многу бавно.

Симона и Теодора ( ) сценарио за претстава.

Јас ( ) домашна.

Ти ( ) неразбирливо.

 

2. Издвој ги глаголите во сегашно време во следниот извадок:

Имам стари пријатели чие друштво ми е многу пријатно. Тие се на различна возраст и од разни краишта. Лесно ми е да дојдам до нив, зашто секогаш ми стојат на располагање, ги примам во свое друштво и ги напуштам тогаш кога ќе посакам. Тие никогаш не се нерасположени и секогаш ми одговараат на прашањата што им ги поставувам. Едни ми кажуваат за некогашните настани, а други ми ги откриваат тајните на природата. Едни ме учат како да живеам, а други – како да умрам. Едни со својата живост ги разгонуваат моите грижи и ми ја веселат душата, а други – ми го крепат духот и ме поучуваат како да ги ограничам своите желби и да верувам во самиот себе. Тие ми отвораат разни хоризонти во науката и во уметноста и секогаш со доверба можам да учам од нив.

 

 

Помошен глагол СУМ

 

 

3. Стави ја соодветната форма во сегашно време на помошниот глагол СУМ, во следните реченици:

Александар (  ) добар ученик.
Ти (  ) убаво девојче.
Ние (  ) во училиште.
Тие  (  ) добри скијачи.
Јас (  ) од Скопје.
Вие (  ) многу немирни.
Моника  (  ) вредна девојка.
Јас и ти (  ) пријатели.
Сашо и Петар (  ) негови братучеди.
Ти и Сара (  ) напишале домашна.
Јас (  ) многу уморна.
Таа (  ) попаметна од Тамара.
Тој (  ) отсутен овој час.
Јас и Сашо (  ) на Водно, ама тој не (  ) расположен за пешачење.
Ти и Вики не (  ) биле на забавата.
Скопје (  ) многу загаден град.
Македонија (  ) многу мала држава.
Изборите (  ) закажани за 11 декември.
Тетратките не (  ) потпишани.
Клупата (  ) зелена.
Моливот не ( ) наострен.

 

 

Одговори:

  1. а) Јас живеам во Скопје.Петре живее богато.

    Ние живееме од денес за утре.

    Соња и Наум живеат во Охрид.

    б)Ти учиш од тетратка.

    Ти и Дарко учите секој ден заедно.

    Тој учи во автобус.

    Тие учат во ГУЦ.

    в)Драгица и Трајче сакаат да си одат дома.

    Вие сакате да купите кола.

    Јас сакам да научам македонски.

    Ти сакаш убав телефон.

    г)Јас и Ѓорѓи знаеме многу работи.

    Јас знам дека ништо не знам.

    Тие знаат да пишуваат.

    Сања знае да плете.

    д)Ние пишуваме брзо, а тие пишуваат многу бавно.

    Симона и Теодора пишуваат сценарио за претстава.

    Јас пишувам домашна.

    Ти пишуваш неразбирливо.

  2. Имам стари пријатели чие друштво ми е многу пријатно. Тие се на различна возраст и од разни краишта. Лесно ми е да дојдам до нив, зашто секогаш ми стојат на располагање, ги примам во свое друштво и ги напуштам тогаш кога ќе посакам. Тие никогаш не се нерасположени и секогаш ми одговараат на прашањата што им ги поставувам. Едни ми кажуваат за некогашните настани, а други ми ги откриваат тајните на природата. Едни ме учат како да живеам, а други – како да умрам. Едни со својата живост ги разгонуваат моите грижи и ми ја веселат душата, а други – ми го крепат духот и ме поучуваат како да ги ограничам своите желби и да верувам во самиот себе. Тие ми отвораат разни хоризонти во науката и во уметноста и секогаш со доверба можам да учам од нив.
  3. Александар е добар ученик. Ти си убаво девојче. Ние сме во училиште. Тие се добри скијачи. Јас сум од Скопје. Вие сте многу немирни. Моника е вредна девојка. Јас и ти сме пријатели. Сашо и Петар се негови братучеди. Ти и Сара сте напишале домашна. Јас сум многу уморна. Таа е попаметна од Тамара. Тој е отсутен овој час. Јас и Сашо сме на Водно, ама тој не е расположен за пешачење. Ти и Вики не сте биле на забавата. Скопје е многу загаден град. Македонија е многу мала држава. Изборите се закажани за следната година. Тетратките не се потпишани. Клупата е зелена. Моливот не е наострен.
Scroll to Top