Глаголски начин

Под глаголски начин како граматичка категорија го подразбираме односот на говорителот кон глаголското дејство во реченицата.

Едно исто дејство некогаш можеме да го предадеме како констатција или соопштение, другпат во вид на заповед или молба, а некогаш како можност за вршење под некој услов.

Според ова, разликуваме три начина:

 

а) Исказен.

Со него се искажува реален однос во вид на исказ, соопштение. Ставот на говорителот е неутрален.

На пример:

Петре чита книга.

Ти зборуваш убаво.

 

б) Заповеден.

Со него се искажува желбен или заповеден однос кон глаголското дејство.

На пример:

Петре, донеси ми ја книгата!

Зборувај убаво!

За заповеден начин се користат посебни заповедни (императивни) форми. Прочитај повеќе ТУКА.

 

в) Можен.

Со него се искажува можност да се изврши дејството под некој услов.

На пример:

Кога би имал време, Петре би ја прочитал книгата.

Кога би сакал, тој би зборувал убаво.

Од сите временски и начински форми, можниот начин има најупростена форма. Често се употребува во современиот јазик. Прочитај повеќе ТУКА.

 


Прочитај повеќе за глаголите на следните врски:

  1. Морфологија – глаголи (матура)
  2. Глаголски групи и раздели
  3. Граматички категории кај глаголите
  4. Именски форми на глаголот
Scroll to Top