Збороформа е варијантата на зборот која се наоѓа во различни контексти.
Збороформа е збор кој не го менува своето основно значење, но во зависност од опкружувањето добива различни граматички белези.
(корен+флексија=збороформа)
На пр.: ГРАД – градот, градов, градон, градови, градовите, итн.
Ако од зборот ГРАД создадеме нов збор, со друго значење, на пример: градба, градилиште, градинка и сл., тогаш не станува збор за збороформа. Наставките што сме ги додале на зборот се зборообразувачки, а не формообразувачки. Со нив сме создале зборови со поинакво значење. Не е исто значењето на зборот ГРАД (означува населено место) и ГРАДИНКА (означува институција за згрижување мали деца).
Само со формообразувачки наставки се образуваат збороформи.
Во примерот, градот, градов, градон (-от, -ов, -он) се додадени наставки за определеност, односно членски морфеми. Кај градови (-и) е додадена наставка за означување множина. Во сите овие примери значењето на зборот останало исто, само сме го смениле граматичкото значење.
Зборот НОГА во примерите не го променил своето основно значење, туку добил разни граматички белези.
Од темата морфологија прочитај и за: