Лексикографија е дел од лингвистиката што се занимава со принципите за составување разни видови речници и со нивната практична примена.
Основни функции на лексикографијата се: регистрирање (собирање) на зборовите; средување по азбучен или друг ред; толкување на семантичката (значенската) страна на зборовите итн.
Лексикографијата е во тесна врска со лексикологијата.
Речник е книга во која се собрани зборовите на еден јазик и подредени по азбучен ред.
Во зависност од видот на речникот, зборовите во него може да бидат разгледувани од различни аспекти. На пример: неговото значење, потекло, употребата во фразеологизми, повеќезначноста итн.
Има два основни типа речници: енциклопедиски и лингвистички.
- Енциклопедиски, каде се даваат податоци за лица, предмети, појави, во различни области.
- Лингвистички – јазични, кои ги делиме на еднојазични (толковни) и повеќејазични (преводни)