Почетна » македонски јазик » наука за јазикот » Лингвистика – наука за јазикот

Лингвистика – наука за јазикот

Науката што го проучува јазикот се вика лингвистика.

Лингвистиката ја сочинуваат повеќе дисциплини:

  • фонетика – наука за создавањето, артикулацијата и звучното примање на гласовите;
  • фонологија – наука за гласовите како смислоразликувачки единици;
  • морфологија – наука за зборовите и нивните форми;
  • синтакса – наука за речениците и именските групи;
  • лексикологија – наука за зборовниот состав на јазикот;
  • лексикографија – наука за составување на речници и лексикони;
  • фразеологија – наука за зацврстените зборовни состави со преносно значење – фразеологизми;
  • зборообразување – наука за начините на образување на зборовите;
  • стилистика – наука за различните стилови на изразување;
  • дијалектологија – наука за различните дијалекти на еден јазик итн.

 

Сите дисциплини (науки) што се занимаваат со проучување на јазикот од кој било аспект ја сочинуваат лингвистиката.

 

Граматика е дел од лингвистиката која ги опфаќа само:
– фонетиката (и фонологијата),
– морфологијата и
– синтаксата.

Scroll to Top