Почетна » акцент » Лирско-епски народни песни

Лирско-епски народни песни

Во народната поезија, освен лирски и епски, разликуваме и лирско-епски песни.
Лирско-епски се оние песни во кои се испреплетуваат лирските и епските елементи. Односно, лирски се мотивите и експресијата, а композицијата и строежот – епски.

[av_heading heading=’Народни песни’ tag=’h3′ style=” size=” subheading_active=” subheading_size=’15’ padding=’10’ color=” custom_font=” av_uid=’av-7827z4′][/av_heading]

Народните песни потекнуваат од најдалечното минато. Нивниот автор е непознат (анонимен), а се зачувале со усно пренесување од колено на колено.
Македонските народни песни почнале да се запишуваат во средината на деветнаесеттиот век, во времето на Преродбата.
Први интерес за запишување на народното творештво покажале научници од соседните народи, како што се: Вук Караџиќ од Србија, Стефан Верковиќ од Хрватска, Словенецот Станко Враз, Виктор Иванович Григорович од Русија итн.
Под влијание и поттик на Виктор Иванович Григорович во Македонија започнува Преродбата, па Димитар Миладинов се посветува на собирање народни умотворби, како и на отварање училишта и наоѓање приврзаници и наследници. Со макотрпна работа и со помош на брат му Константин, во 1861 година успеваат да го објават Зборникот со народни песни.
Освен браќата Миладиновци со собирачка дејност се занимавале и: Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Ѓорѓија Пулевски и др.

[av_heading heading=’Видови лирско-епски песни’ tag=’h3′ style=” size=” subheading_active=” subheading_size=’15’ padding=’10’ color=” custom_font=” av_uid=’av-55ojdc’][/av_heading]

Во народните песни често се среќава преплетување на лирските и епските елементи. Тоа го среќаваме во митолошките, тажачките и ајдутските песни, но како посебни видови се јавуваат:
– баладата и
– романсата.

[av_heading heading=’Народна балада’ tag=’h5′ style=” size=” subheading_active=” subheading_size=’15’ padding=’10’ color=” custom_font=” av_uid=’av-4res00′][/av_heading]

Народната балада има епска сижетна основа, ликови на натприродни суштества (самовили, змејови, наречници), но е проникната со лирски, силни чувства и драматизам. Во неа се испреплетени фантастични и реални елементи, а најчесто завршуваат трагично.

[av_heading heading=’Народна романса’ tag=’h5′ style=” size=” subheading_active=” subheading_size=’15’ padding=’10’ color=” custom_font=” av_uid=’av-2hcdz4′][/av_heading]

За разлика од баладата, романсата е со поведра содржина и никогаш не завршува трагично. Романсите најчесто имаат љубовна содржина, а лирскиот драматизам предизвикува и ненадејно менување на емоционалното расположение. Таков е случајот со познатата романса:

Учи ме мајко, карај ме

Еееј, учи ме мајко карај ме
како да ја земам Лилјана
Лилјана мома убава
Лилјана тенка висока
Лилјана бела црвена
Лилјана ситен босиљок
Лилјана една на мајка.

Учам те синко карам те
како да ја земиш Лилјана
повикај триста мајстори
направи чешма шарена
наврати вода студена
сите селани ќе дојдат
и Лилјанини другарки
ем сите калеш невести
белким Лилјана ќе дојде.

Послуша Стојан мајка си
повика триста мајстори
направи чешма шарена
наврати вода студена
сите селани дојдоа
и Лилјанини другарки
ем сите калеш невести
кучка Лилјана не дојде.

Scroll to Top