Морфема
.
Зборовите се составени од помали делови: гласови, слогови и морфеми (значенски делови).
2. поделба на слогови: из-ра-бот-ка-та, и
3. поделба на морфеми: из-работ-ка-та.
Првиот дел „из-“ е претставка (префикс) со кој може да формираме многу нови зборови кои ќе го изменат значењето од првобитното (на пр. измете, издржи, извалка, из`рти, излечи) и кој има значење на завршено дејство.
Вториот дел „работ“ е коренот на зборот (коренска морфема) и е носител на значењето. Во овој случај тоа е земено од глаголот „работи“ (со значење: прави, дејствува, создава).
Третиот дел „-ка“ е наставка (суфикс) кој се користи за образување на именки од глаголи (на пр. сметка, летка, прошетка).
Четвртиот дел „-та“ е граматичка морфема (флексија) која служи за означување на определеност на именката (член).
.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Видови морфеми
Морфемите ги делиме на:
1. Корен (коренска морфема) е општиот дел кој повеќе не може да се дели и кој е носител на значењето на група зборови.
2. Афикси (афиксални морфеми) се додатоци на општиот дел (коренот) кои служат за изведување на нови зборови (зборообразувачки) или за граматички (формообразувачки) ознаки.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Морфеми се делови од зборот со лексичко или граматичко значење. Зборовите имаат коренски и афиксални морфеми (афикси).
.
Разликуваме повеќе видови афикси.
А. изведбени (зборообразувачки) морфеми:
а) префикс (претставка) – влегува во составот на основата и се наоѓа пред коренот;
б) суфикс (наставка) – се наоѓа зад коренот, а пред флексијата;
в) интерфикс – се наоѓа меѓу две коренски морфеми.
Б. граматичка (формообразувачка) морфема:
г) флексија – се наоѓа на крајот од формата на зборот (ја означува промена на род, број, лице, вид итн.)
.
На пример:
град (корен) ба (суфикс)
град (корен) ови (флексија)
из (префикс) град (корен) ба (суфикс) та (флексија)
пред (префикс) град (корен) и (суфикс) е (флексија)
над (префикс) град (корен) ува (суфикс) ат (флексија) итн.
Вежби за морфема и видови морфеми
- Образувај што повеќе зборови додавајќи афикси на зборот СЕДИ.
- Определи го коренот во следните зборови: помали, научен, топка, поштар.
- Кои од следните зборови имаат повеќе од еден префикс: раскина, изнакажа, подзастана, смисли, разграбува, изнасмеа, разнижува, разнебитува.
- Подели ги зборовите на морфеми: претскажуваат, размислувам, смисловен, значенската, класификација, расцветан.
- Определи кои зборови на крајот имаат зборообразувачки, а кои формообразувачки морфеми: овчар, седумка, решетка, гледам, очиве, шетајќи, прсти, прстен.
- Определи ги и именувај ги морфемите во следните зборови: вратоврска, тросед, двоглед, милозвучен, триаголник.
- седи:
коренот на зборот е СЕД
по-седи, до-седи, сед-не, тро-сед, сед-ло, сед-ало, сед-нат, сед-ење, сед-нува, со-сед, со-седно, со-сед-на-та; итн.
научен: на-УЧ-ен
топка: ТОПКА
поштар: ПОШТ-ар
ПОД-ЗА-стана,
ИЗ-НА-смеа,
РАЗ-НЕ-битува
раз-МИСЛ-ува-м
с-МИСЛ-ов-ен
ЗНАЧ-ен-ска-та
КЛАСИФИКАЦИ-ја
рас-ЦВЕТ-ан
овчар, седумка, решетка, прстен.
Формообразувачки (граматички, означуваат некое граматичко својство):
гледам (-м, наставка за означување прво лице сегашно време)
очиве (-и, наставка за множина; – ве, наставка за определеност, член)
шетајќи (-јќи, наставка за образување глаголски прилог)
прсти (-и, наставка за множина).
вратоврска: врат (корен) – о (интерфикс) – врс (корен) – ка (суфикс)
тросед: тр (корен) – о (интерфикс) – сед (корен)
двоглед: дв (корен) – о (интерфикс) – глед (корен)
милозвучен: мил (корен) – о (интерфикс) – звуч (корен) – ен (суфикс)
триаголник: тр (корен) – и (интерфикс) – агол (корен) – ик (суфикс)
Од темата морфологија прочитај и за:
- Морфологија
- Делови на зборот
- Морфеми – видови морфеми
- Збороформа
- Морфолошка поделба на зборовите