Надреден знак (`) е правописен знак.
Надреден знак се пишува само во три случаи:
- над самогласката е во кратката заменска форма од нас нè, за да се разликува од негацијата не.
На пример: Кога влеговме не нè забележаа веднаш.
- над самогласката е во прилогот сè за да се разликува од кратката заменска форма од повратната заменка себе се која често ја употребуваме со повратните глаголи; како и од помошниот глагол сум во трето лице множина (тие се).
На пример: Сè се случи многу брзо.
- над самогласката и кај кратката заменска форма од нејзе ѝ за да се разликува од сврзникот и.
На пример: Не ѝ рече ништо и не ѝ дозволи да зборува.