Заменките во македонскиот јазик се ограничена група зборови. Освен личните и лично-предметните, разликуваме и показни заменки.
Показните заменки служат за посочување.
Постојат три показни заменки кои разликуваат род и број.
За посочување блиски предмети
Заменката овој, оваа, ова; овие служи за посочување блиски предмети.
На пр.:
Кога говорителот стои блиску до клупата, ќе рече: Кој ја оштетил оваа клупа?
Кога говорителот го држи во раце моливот, ќе рече: Чиј е овој молив?
За посочување оддалечени предмети
Заменката оној, онаа, она; оние служи за посочување пооддалечени предмети.
На пример:
Кога говорителот е оддалечен од прозорецот, најчесто покажувајќи кон него, ќе рече: Ајде, те молам, провери дали е отворен оној прозорец!
Кога говорителот гледа некоја пооддалечена тетратка падната на подот, ќе рече: Чија е онаа тетартка што паднала на подот?
За посочување предмети без просторно определување
Заменката тој, таа, тоа; тие се употребува, освен како лична заменка за трето лице, и за посочување предмети без просторно определување.
На пример:
Утре ќе разговараме за романот „Чичко Горио“. Освен учебникот, носете ја и таа книга.
Член (определеност)
Во македонскиот јазик формите за определеност (членот) се образувани од показните заменки.
Од заменката овој, оваа, ова; овие – членот: – ов, -ва, – во; -ве (оваа книга: книгава).
Од заменката оној, онаа, она; оние – членот: -он, – на, -но; -не (онаа книга: книгана).
Од заменката тој, таа, тоа; тие – членот: – от, -та, -то; -те (таа книга: книгата).
Всушност, во сите примери каде ги употребивме показните заменки, мое да ги замениме со членување на именката.
Примерите со овој:
Кој ја оштетил оваа клупа? – Кој ја оштетил клупава?
Чиј е овој молив? – Чиј е моливов?
Примерите со оној:
Ајде, те молам, провери дали е отворен оној прозорец! – Ајде, те молам, провери дали е отворен прозорецон!
Чија е онаа тетартка што паднала на подот? – Чија е тетарткана што паднала на подот?
Примерите со тој:
Утре ќе разговараме за романот „Чичко Горио“. Освен учебникот, носете ја и таа книга. – Утре ќе разговараме за романот „Чичко Горио“. Освен учебникот, носете ја и книгата.
Прочитај и за другите заменки:
Провери ги своите знаења со вежби и задачи за заменки на следнава ВРСКА.
1. именки
2. придавки
3. заменки
4. броеви
5. глаголи
1. прилози
2. предлози
3. сврзници
4. извици
5. честици
6. модални зборови
Од темата морфологија прочитај и за:
Прочитај повеќе за времињата во македонскиот јазик на следнава ВРСКА.
Прочитај повеќе за глаголите на следните врски:
- Морфологија – глаголи (матура)
- Глаголски групи и раздели
- Граматички категории кај глаголите
- Именски форми на глаголот