Предминато време е сложена глаголска форма. Со него се искажува дејство што се извршило пред некое друго минато дејство.
Се образува од минато определено несвршено време од сум (бев) и глаголската л-форма.
бев + л-форма
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Со глагол од а-група:
еднина
1л. бев читал (прочитал)
2л. беше читал (прочитал)
3л. беше читал (прочитал)
множина
1л. бевме читале (прочитале)
2л. бевте читале (прочитале)
3л. беа читале (прочитале)
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Со глагол од и-група
еднина
1л. бев носел
2л. беше носел
3л. беше носел
множина
1л. бевме носеле
2л. бевте носеле
3л. беа носеле
Со глагол од е-група
еднина
1л. бев одел
2л. беше одел
3л. беше одел
множина
1л. бевме оделе
2л. бевте оделе
3л. беа оделе
Значењето на предминато време
Значењето на ова време е означување дејство што се случило пред друго минато дејство.
Употребата на предминатото време е многу ограничена во современиот македонски јазик. Формите на ова време се чувствуваат застарени, па има тенденција да се заменат со некои други, како што се: минато неопределено или определено со конструкциите со глаголска придавка и сл.
На пример:
Се беше изнаоблекол како да е среде зима.
Во современиот израз почесто ќе употребиме:
Се изнаоблекол како да е среде зима.
Беше изнаоблечен како да е среде зима.
Се имаше изнаоблечено како да е среде зима.
Прочитај повеќе за другите времиња во македонскиот јазик на следнава ВРСКА.
Прочитај повеќе за глаголите на следните врски:
- Морфологија – глаголи (матура)
- Глаголски групи и раздели
- Граматички категории кај глаголите
- Именски форми на глаголот