Три точки (…) се интерпункциски знак.
Три точки се пишуваат:
- на крајот на незавршен исказ или во средината на реченицата ако се јавува прекин. Пред нив нема белина (празно место), односно се пишуваат веднаш зад последниот збор, а по нив има белина.
На пример:
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Не знае дека тука тешко се живее, не знае дека нема за леб, не знае… Ќе дојде, па ќе види.
Сите ќе слушнат за мојата радост… за успехот на мојот син.
- во незавршен исказ од прашални или извични реченици;
На пример:
Ах!… Толку болка!… Ќе има ли сето ова крај?…
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
- за означување застој во говорот или при испрекинато зборување;
На пример:
Да… токму така, денес е тој ден.
Зо… зо… зошто не ми кажа веднаш?
- при пренесување делови од разговор (телефонски, електронски) за обележување застој и подолга пауза во исказот;
На пример:
– Добар ден… се јавувам во врска со наградната игра.
- за означување прекин на натамошно набројување;
На пример:
Македонија е земја на сонцето, планините, водите…
* Во овој случај, наместо трите точки, може да употребиме зборови и кратенки, како: и така натаму (итн.), и слично (и сл.), и друго (и др.).