Функцијата на именките во реченицата може да биде: подмет, именски прирок и дополнение (предмет, прилошка определба, атрибут).
Именките вршат најразлични служби во реченицата.
Тие стапуваат во различни односи со другите зборови во реченицата, а тоа не наоѓа свој надворешен израз. Односно, именките не ја менуваат својата форма, туку само местото и функцијата во реченицата.
Функцијата на именките во реченицата
1. Именката е најчесто подмет во реченицата.
На пр.: Детето спие. Човекот работи.
Зборовите: детето и човекот (именки), се подмет во речениците, односно вршители на дејството.
2. Именката може да се јави како составен дел на прирокот – именски прирок.
На пр.: Петре е овчар. Ти си ученик.
Во овие примери именки се зборовите: овчар и ученик. Тие со помошниот глагол сум (во примерите: е и си) образувале именски прирок.
3. Именката може да се јави и како дополнение:
а) дополнение на глаголот – предмет
На пр.: Го видов овчарот.
Во примерот, именката овчарот е предмет во реченицата. Подметот е јас, прирокот е видов, а предмет – кого го видов? – овчарот.
б) дополнение на именката – атрибут
На пр.: сила работа, домаќин човек, ручек време.
Прочитај повеќе за:
Граматички категории кај именките
Задача:
1. Каква е службата на именките во следните реченици:
а) Девојчето си игра.
б) Никола е студент.
в) Марија пишува писмо.
г) Телефонот ми заѕвони за време на часот.
Одговори:
а) Девојчето си игра.
Во оваа реченица има две именки.
Девојчето е подмет во реченицата.
Игра – односно, си игра е именски прирок.
б) Никола е студент.
Во оваа реченица има две именки: Никола и студент.
Никола е подмет, а студент е дел од именскиот прирок (е студент).
в) Марија пишува писмо.
Во оваа реченица има две именки: Марија и писмо.
Марија е подмет, а писмо е предмет (што пишува? – писмо).
г) Телефонот ми заѕвони за време на часот.
Во оваа реченица има три именки: телефонот, време, часот.
Телефонот е подмет, а другите две именки се додаток за време (кога заѕвони?)