Цртичка (-)

Цртичка (-) е правописен знак. Секогаш се пишува без белини од двете страни.
Цртичка се пишува:
  • меѓу именки што означуваат еден поим, а деловите го чуваат своето самостојно значење;
На пример: предлог-закон, жиро-сметка, охридско-преспански, три-четири итн.
  • помеѓу двојни презимиња и презиме и прекар;

На пример: Марија Матовска-Стојановска; Јордан Хаџи Константинов-Џинот.

  • кога првиот дел од зборот е напишан со бројка;

На пример: Неопходно е 4-годишно стручно образование.

  • кај некои скратувања и скратени изрази;

На пример: д-р, м-р, г-ѓа.

  • при пренесувањето на зборовите во друг ред;

На пример:

тет-

рат-

ка.

  • при делење на зборовите на слогови;

На пример:

Зборот убавина има четири слога: у-ба-ви-на.

  • при писмено предавање на нагласени слогови;

На пример:

На-пред на-ши!

  • кај ономатопејски изрази;

На пример: ав-ав, чук-чук, бум-трас.

  • при одвојување на комбинации од цифри, најчесто кај телефонски броеви, жиро-сметки, пропорции на величини и сл. Наместо цртичка во овој случај може да стои белина.

На пример:

Неговиот телефонски број е: 071-223-3… (или: 071 223 3..).

 

 

 

Scroll to Top