Ѕвездичка (*) е правописен знак. Таа може да стои од левата или од десната страна на зборот или на текстот.
- кога треба да објасниме некој збор, тврдење, став и др. ѕвездичката стои од десната страна над зборот. Објаснувањето се пишува во фуснота.
На пример:
На гредите во овој дел од куќата се фрлени разни алати: рала, јареми*, косила, дршки за мотики, лопати, казми**, и ред други дрвени остени***, ластегарки, стапови, кои чекаат да ги заменат тие што се во употреба.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
————————
* јареми — дрвена направа во која се впрегнуваат два вола за орање;
** казми — алатка, тежок рачен копач;
*** остени — стап со остар железен шилец на крајот за спотерување запрежен добиток.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
- ако во реченицата има повеќе зборови што треба да се објаснат или протолкуваат, бројот на ѕвездичките го зголемуваме (како во претходниот пример).
- се пишува и пред или по наслови на статии за да се обележи податок кој не се однесува на содржината на статијата, туку на податоци што се однесуваат на самата статија, како на пример: кому му е посветена, дали е некаде претходно прочитана како реферат и сл.
- се обележуваат и зборови, најчесто реконструирани од јазици без писмена засведоченост.