Да студираме градежниство!

Градежништвото е термин со кој се нарекува проектирањето и градењето на инфраструктурата. Вообичаено се мисли на големи конструкции ако мостови, брани, згради или тунели. Во него влегуваат и сложени системи како водоснабдителните, мелиоративните и канализационите мрежи. Во него влегуваат и куќите и домовите. Градежните инженери можат да бидат вклучени во сите фаци на животот на инфраструктурата, од планирањето и изградбата до одржувањето и отстранувањето. Градежништвото во својата дејност честопати се преклопува со архитектурата, иако станува збор за засебни дисциплини.

Зошто да се студира градежништво?

  1. Интересна и предизвикувачка професија: Одбирањето на градежништвото како професија ќе ја зголеми вашата способност да размислувате на конструктивен начин. Животот со оваа професија никогаш не е здодевен. Во текот на студирањето и работата, инженерот ќе се соочи со разновидни предизвици каде е потребно многу креативно и логичко размислување. Инженерите осмислуваат нови концепти и идеи.
  2. Иновација и креативност: Студирањето и работата во градежништвото бараат иновативно и креативно размислување за да се креираат нови и иновативни решенија. Таквата креативност ве става во позиција да се соочувате со нови идеи и техники. Градежништвото е многу иновативна кариера.
  3. Придонес кон општеството: Технологијата го направи светот подобро место за живеење. Секој може да го одбере своето поле на интерес во кои ќе придонесе кон развојот на општеството. На пример, некој може да се одлучи да придонесе кон развојот на патишта кои ќе ги поврзуваат луѓето и на тој начин да му послужи на општеството.
  4. Можност да се истражи светот: Една од поголемите предности на градежништвото е можноста да се патува низ целиот свет. Имајќи го предвид широкиот спектар на можности што се нудат, инженерот добива добра шанса преку својата работа да го пропатува и истражи светот.
  5. Професионализам: Работењето во врвни компании ви овозможува да работите со темелни и врвни професионалци. Работата со вакви соработници ви овозможува да научите многу и да ги развиете вашите вештини.

Студии по градежништво на Грдежниот факултет при УКИМ

Студиите по градежништво на Градежниот факултет во Скопје траат 3 години за прв, 2 години за втор циклус на студии и 3 години и за трет циклус на студии.

Повеќе информации за студиите по градежништво на градежниот факултет при УКИМ може да се најдат на интернет страницата на факултетот: www.gf.ukim.edu.mk