Избор песни од збирката „Народни бигори“
Меракот
-
-20%
Out of stock
Македонски ЈазикПрирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Прочитај повеќе
Поминав вчера на пладне
крај ваш`та куќа голема,
по таа силна жештина
да си го смирам срцето!
Грозна ме треска тресеше,
Гоздано – кадро пишано,
Гроздано – фиданбојлија,
Гроздано – жива изгоро!
Меракот, моме м`изпече,
окото, моме, м`изтече,
срцето ми се парчоса,
снагата ми се прекина!
Кажи ми, моме убаво,
моме ле итро – врагово,
зошто ми моме не кажа,
да чекам зошто м`излага? –
-
-20%
Out of stock
Македонски ЈазикПрирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Прочитај повеќе
„Еј гиди, младо – зелено,
низ пенџер што ти намигнав,
малце ли ти од мене
сред тоа пусто пладниште?“
Султана
– За кого цвети в бело ти лице
трендафил росен катмерен?
Кому ја чуваш, пролетна птицо,
рамната снага мермерна?
Смола ти коси, чија ли рака
галено ќе ги милуе?
Чие ли срце, пламена мака,
в очи ти црни ќе гаси! –
Султано, да би луснала, мори,
в поглед ми срце истече,
Султано, изгор – цвет да се сториш
окото што ми одвлече!
Кој ли ти срмен закопча елек
и сокри гради пламени?
Кој ли ти алтан целива чело
и пие устни румени? –
„Не лудуј лудо, лудо по мене,
не губи млади денови
трендафил в лице скоро ќе свене,
в срце ќе влезат јадови.“
Алтана
Кој не ја видел Алтана?
Кому не памет свртела,
Алтана – алтан на грло,
Алтана – жива приказна!
Една е мома Алтана,
на лице – пупка трендафил,
на снага – стројна калина,
на мерак – огин разгорен!
Седи ли – гори земјата,
Гледа ли – рани отвара,
Мине ли – лунја планинска,
Пее ли – мртви скорива?
Кога се Алтан родила,
Три пати зора зорила,
Три пати светот се менил,
Три пати рајот с`отворил.
Пролет и била постела,
горска ја срна доила,
ангели песни пеале,
над неа солнце греало!
Кој не ја видел Алтана?
Кому не срце однела? –
Женети венец фрлаат,
Ергени горат за неа.
Изгора
– Зошто ми, моме, намигна,
намигна, дури, запали,
запали, сиот изгоре,
изгоре, рани зададе?
Зошто ме така погледна,
погледна, луто прониза
со тие очи – филџани,
со тие стрели отровни?
Нели си, мори, разбрала,
оти сум веќе посвршен,
посвршен, комај оженет,
за таа Вела убава?
Да би те Господ проколнал
со тешка ула на глава,
со живи рани по снага,
та што ме вака измести?
– Туѓинче ли си некое
набргу овде дојдено,
ил моме бујно-улаво,
досега дома држано? –
„Не колни, лудо-трештено,
не ќе ти Господ поможе,
фанати му са раците,
земена му е силата.
Туѓинче не сум некое,
набргу овде дојдено,
ни моме бујно-улаво,
досега дома држано,
тук, море, блиско комшиче,
без мајка, море без татко,
без мило – пусто сираче,
со триста рани на срце:
Првите рани меракот
со анџар ми ги зададе
на тие луди години,
младоста кога развива.
Вторите рани мајка ми
со смртта ми ги отвори,
пред да ме стаса животот
со среќа да ме огрее.
Третите, море, народот,
везден што пишти крај мене,
исушен како ставелка
од својте „браќа“ – тирани.
Првите, море, згинаа,
штом друго солнце м`огреа;
вторите одвај минаа
со триста грдни тежини.
Третите, море, ал немат,
од се се, леле по-лути:
ни дното им се навоѓа,
ни крајот им се сврзуе.
Мајка
Коца ми рано станала,
од темни зори никои,
петлите пред да пропеат,
сина си да го испрати.
По-рано Мише преварил,
мајка си не ја дочекал,
излегол право отишол
при своите верни другари.
Не ли го Коца посака –
на спанје не го затече,
изтрча в гора зелена
у лице сета менета.
Се збрала страшна дружина,
се млади како фидани,
се лични како пишани,
се силни како арслани.
Со тие капи на страна,
со тие гунји ресачки,
со тие пушки берданки,
со тие бомби на појас!
Долго ми Коца стоеше,
горе ми доле гледаше,
дал ќе го Миша познае
у таа руба комитска.
Кога го, море, догледа
Сред таа бујна дружина,
Триста и солнца блеснаа,
Од радост силна извика:
– Застани, синко, почекај,
два збора да ти нарачам
уште еднаш да те прегрнам
и да ти дадам благослов.
Ако од врагот с`изплашиш
на ваа страшна маштина,
арам ти било млекото,
што сум те синко, доила.
Ако се, леле, предадеш,
проклонат да си довекот,
нигде да немаш гробнина
на ваа земја широка.
Со гради, синко, кинисај
јунашка борба да водиш
крваво ропство д`исфрлиш,
народот да го избавиш.
„Ејгиди стара мајчице,
за това ли ме чуваше
за това ли ме гледаше
низ тие гори зелени?
Носам ле глава ајдушка
на вие страшни раменја,
а срце силно – немирно
у вие гради јунашки.
Ќе чуеш утре задутре
од ваа мајко дружина,
син ти ни, бабо, загина
за народ и за слобода.
Ни солза, мајко, не пуштај
пред тие лоши тирани,
на жалот биди по-јунак,
се живо да ти заблази.
А сега, мајко, проштевај,
дај да ти рака целивам,
а ти ме ела прегрни,
прегрни веќе изпрати.“
Сите ги Коца прегрна,
прегрна со ред избаци,
а кога доде при него
од радост солзи зарони.
Дружина пушки нарами,
ајдушки песни екнаа;
зашуми гора борова –
јунаци чека на гости.