Школата за уметност и дизајн „Џолев и уметностите“ објави повик за стипендирање на средношколци од цела Македонија, кои изминатата учебна година ја завршиле со просек под 3.9, насловен како „Образованието е повеќе од просек 5.0“.

Целта на овој проект е мотивирање на учениците да го продолжат личниот развој во областите на уметноста и дизајнот, како и подигање на свеста за индивидуалниот пристап и важноста на секој предмет од образованието за секој ученик, без разлика на нивниот просек.

„Образовниот систем има потешкотии да ги препознае талентираните ученици. Како школа која организира програми од областа на дизајнот и уметностите, имаме одговорност да се обидеме да придонесеме кон препознавање на овие млади дечки и девојки. Искуството од оваа кампања, изминатите години ни го потврди ова, запознавме прекрасни, талентирани средношколци, кои поради послабиот генереален просек, не биле во можност да бидат пофалени или охрабрени за квалитетите кои ги носат во себе. Денес, истите се студенти на генерација на факултети од уметноста, дизајнот и креативните индустрии.“- изјави Дејан Џолев, уметнички координатор на “Џолев и уметностите”.

Повикот за стипендија е отворен од 1 до 15 март 2019 година. Апликацијата се поднесува преку електонска пријава, со приложено мотивационо писмо во кое секој кандидат ќе треба да ги наведе причините за избор на програмата и своите понатамошни амбиции во дадената област.

Избраните кандидати, добитници на целосна стипендија ќе бидат објавени на 21 март 2019 година.

Со официјалниот почеток на пролетта, на 21 март 2019 година ќе бидат соопштени трите средношколци кои ќе добијат целосни стипендии.

Сите детали околу програмите за кои ќе бидат доделени целосните стипендии можете да ги најдете на следната ВРСКА

Џолев и уметностите е школа за уметност и дизајн којашто веќе осма година по ред креира и организира програми во вид на академии, курсеви, обуки, предавања и работилници од областа на уметноста, дизајнот и науките блиски на уметноста

Контакт инфо:

071 240 598

www.djolevandarts.com

www.facobook.com/DjolevAndArts