Македонска енциклопедија е научна книга во два тома, со околу 9000 одредници.
[av_image src=’https://makedonskijazik.mk/wp-content/uploads/2019/09/Македонска_енциклопедија-300×200.jpg’ attachment=’5362′ attachment_size=’medium’ align=’left’ styling=” hover=” link=” target=” caption=” font_size=” appearance=” overlay_opacity=’0.4′ overlay_color=’#000000′ overlay_text_color=’#ffffff’ copyright=” animation=’no-animation’ av_uid=’av-262oox’ admin_preview_bg=”][/av_image]
Енциклопедијата била објавена во септември 2009 година, под редакција на МАНУ, а главен уредник бил академик Блаже Ристовски. Таа била подготвувана подолг период во Лексикографскиот центар и биле вклучени 260 соработници.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Тогашниот претседател на МАНУ, Георги Старделов, ќе рече:
„Ова е прва македонска енциклопедија ослободена од туѓи историски наслојки и толкувања, која резултира од принципот на мултикултурализмот, а не од етноцентризмот. Тоа не е само енциклопедија на македонскиот народ, туку и на македонската држава.“
Објавувањето на една ваква научна книга претставува голема гордост за нацијата и има огромно значење за државата.
НО!
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Енциклопедијата била отпечатена во околу 2000 примерока. Само 300 од нив биле продадени или подарени, останатите 1700 копии биле повлечени од продажба.
Силниот притисок од албанските политичари кои оваа енциклопедија не ја сметале за своја, а потоа и од американскиот амбасадор Филип Рикер, Британската и Бугарската амбасада, придонело енциклопедијата да се повлече.
На почетокот таа тајно циркулирала во електронска форма низ Интернет, а подоцна можела слободно да се преземе на следнава ВРСКА.
Многу брзо, македонската гордост и радост се издишаа како дупнат балон.
Планот Македонската енциклопедија да се објави во проширено издание со повеќе томови, во кое ќе биде опфатено сѐшто во овие два тома не било опфатено или било пропуштено, а потоа да се преведе на англиски јазик, никогаш не се оствари.
Повеќе за Македонската енциклопедија може да прочитате на Македонската википедија.