Почетна » матурски прашања » Испитна програма по македонски јазик

Испитна програма по македонски јазик

Испитната програма за државна матура по предметот македонски јазик и литература содржи три области: јазик, литература и читање и пишување.

Во матурскиот тест се задаваат прашања од испитната програма. Таа е составена од изучуваниот материјал по македонски јазик од сите четири години во средното образование.

Во прирачникот за подготовка на матурскиот испит „За матуранти“ од Билјана Бограноска е опфатен систематизираниот материјал од оваа програма.

Содржината на прирачникот, како и на испитната програма е следна:

 

ЈАЗИК

 

1. НАУКА ЗА ЈАЗИКОТ

1.1. Национален јазик
1.2. Дијалектен јазик
1.3. Стандарден јазик
1.4. Видови писма

 

2. ИСТОРИСКИ РАЗВИТОК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

2.1. Почетоците на словенската писменост
2.2. Македонскиот јазик во семејството на јужнословенските јазици
2.3. Погледите за македонскиот јазик на Пејчиновиќ, Синаитски, Крчовски, Пулевски и Џинот (избор текстови)
2.4. Погледите на К. П. Мисирков за македонскиот јазик — „За македонцките работи“
2.5. Улогата на Б. Конески во кодификацијата на македонскиот литературен (стандарден) јазик

 

3. ФОНЕТИКА И ФОНОЛОГИЈА

3.1. Гласовни промени. Едначење по звучност; елизија

 

4. АКЦЕНТ

4.1. Акцентот во македонскиот литературен (стандарден) јазик
4.2. Акцентски целости

 

5. ПРАВОПИС

5.1.Употреба на голема буква
5.2. Слеано и разделено пишување на зборовите
5.3. Делење на зборот на крајот од редот
5.4. Скратеници и скратување на зборовите
5.5. Интерпункција — интерпункциски и правописни знаци

 

6. МОРФОЛОГИЈА И МОРФОСИНТАКСА

6.1. Зборовни групи
(од морфолошки, лексичко-семантички и синтаксички пристап); Функцијата на зборовите во исказ

 

7. ЛЕКСИКОЛОГИЈА

7.1. Основни типови лексички значења на зборовите

 

8.СИНТАКСА

8.1. Реченица (проста)
8.2. Сложена реченица .
8.3. Редот на дел-речениците во исказот

 

9. ФРАЗЕОЛОГИЈА

 

10. СТИЛИСТИКА

10.1.Функционално раслојување на јазикот — функционални стилови

 

11. ДИЈАЛЕКТОЛОГИЈА

11.1. Значењето на дијалектниот јазик во функција на стандардниот македонски јазик

 

ЛИТЕРАТУРА

 

1. НАУКА ЗА ЛИТЕРАТУРАТА

 

1.1. Поделба на науката за литературата

 

2. ТЕОРИЈА НА ЛИТЕРАТУРАТА

 

2.1. Фолклор/ мит
2.2. Народна литература
2.3. Драма (стих: проза)
2.4. Епика (стих: проза)
2.5. Лирика
2.6. Стилски изразни средства
2.7. Литературно-научни видови и публицистика

 

3. МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА

 

3.1. Средновековна литература — „Панонски легенди“
3.2. Климент Охридски — „Похвално слово“
3.3. Црноризец Храбар — „О писменех“
3.4. Јоаким Крчовски — „Различна поучителна наставленија“
3.5. Кирил Пејчиновиќ — „Слово за празниците“
3.6. Јордан Хаџи Константинов Џинот — „Труд ми е името“
3.7. Димитрија Миладинов — Собирачка дејност
3.8. Константин Миладинов — Литературна дејност
3.9. Григор Прличев — „Сердарот“
3.10. Војдан Поп Георгиев Чернодрински — „Македонска крвава свадба“
3.11. Васил Иљоски — „Чорбаџи Теодос“
3.12. Ристо Крле — „Парите се отепувачка“
3.13. Антон Панов — „Печалбари“
3.14. Кочо Рацин — „Бели мугри“
3.15. Стале Попов — „Крпен живот“
3.16. Славко Јаневски — „Улица“
3.17. Ѓорѓи Абаџиев — „Пустина“
3.18. Петре М. Андреевски — „Пиреј“
3.19. Живко Чинго — „Големата вода“
3.20. Блаже Конески — избор
3.21. Ацо Шопов — избор
3.22. Радован Павловски — избор
3.23. Коле Чашуле — „Црнила“
3.24. Горан Стефановски — „Диво месо“
3.25. Ташко Георгиевски — „Црно семе“
3.26. Гане Тодоровски — избор
3.27. Матеја Матевски — избор
3.28. Влада Урошевиќ — избор

 

4. СВЕТСКА ЛИТЕРАТУРА

 

4.1. „Гилгамеш“
4.2. Хомер — „Илијада“
4.3. Софокле — „Антигона“ и „Царот Едип“
4.4. Данте Алигери — „Божествена комедија“
4.5. Мигуел де Сервантес — „Дон Кихот“
4.6. Вилијам Шекспир — „Хамлет“
4.7. Молиер — „Тартиф“
4.8. Џорџ Гордон Бајрон — „Странствувањето на Чајлд Харолд“
4.9. Александар С. Пушкин — „Евгениј Онегин“
4.10. Оноре де Балзак — „Чичко Горио“
4.11. Ф. М. Достоевски — „Злосторство и казна“
4.12. Шарл Бодлер — „Цвеќиња на злото“
4.13. Едгар Алан По — „Гарванот“
4.14. Франц Кафка — „Процес“
4.15. Албер Ками — „Странецот“
4.16. Семјуел Бекет — „Чекајќи го Годо“
4.17. А. П. Чехов — Избор раскази

 

ПИШУВАЊЕ И ЧИТАЊЕ

 

1. Креативно пишување
1.1. Есеј
2. Читање

 

Концепт на матурскиот тест

 

Последниве неколку години (2017, 2018, 2019) матурскиот тест има стандардизирана форма и содржи:

  1. едно дело од светстката литература (8 поени);
  2. две дела од македонската литература (8+6 поени);
  3. прашања од книжевна критика (6 поени);
  4. прашања од јазик (21 поен);
  5. читање – 2 текста (10+8 поени);
  6. пишување есеј на зададена тема (13 поени).

 

Досегашните тестови можете да ги видите на страницата matura.gov.mk.

Scroll to Top