Акцентот во македонскиот јазик е определен и динамичен.
Голем број зборови преземени од други јазици се акцентираат според правилата за акцентирање во македонскиот стандарден јазик.
Некои од нив се неприспособени, па затоа може да се издвојат акцентски потсистеми со поинаков акцент од тој во македонскиот.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Зборови со приспособен акцент
а) Некои двосложни именки со акцент на вториот слог од крајот на зборот: м’аршал, с’имбол, в’ирман, д’екан, б’илтен, ‘орден, т’ерен, к’омфор, л’ектор, р’ектор, с’ектор, тр’актор, тр’езор, ф’актор, г’уру, к’иви, к’ино, к’орзо, п’алто, т’орзо, ‘албум, ‘аспект, б’ензин, б’ојкот, к’армин, к’онфликт, м’омент, ‘објект, п’аркет, п’арфем, п’илот, пл’оштад, пр’оцент, р’еспект, р’ефлекс, с’убјект, тр’иумф, тр’офеј, т’урнир.
б) Некои трисложни и повеќесложни именки со акцент на третиот слог од крајот на зборот: м’аскенбал, ‘апостол, м’онопол, пр’аматар, бот’аничар, матем’атичар, ф’изичар, м’инистер, д’иректор, м’онитор, пр’офесор, с’емафор, к’арактер, д’ијалог, ‘епилог, м’онолог, ‘епископ, м’икроскоп, п’ерископ, ст’етоскоп, т’елескоп, ‘аптека, м’инимум, м’аксимум, к’алциум, магн’езиум, н’атриум, конт’инуум, ‘адреса, ‘антимон, д’ефицит, к’амбана, метр’опола, с’интакса, с’уфицит.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
в) Некои трисложни и повеќесложни придавки со акцент на третиот слог од крајот на зборот: ‘активен, м’онтажен, н’ервозен, п’асивен, пр’ецизен, л’егален, л’окален, н’ормален, ф’ормален, ц’ентрален, л’абилен, м’обилен, с’енилен, ст’абилен, ст’ерилен, с’уптилен, ст’омачен, дин’амичен, драм’атичен, др’астичен, ел’ектричен, ир’оничен, кл’асичен, по’етичен, пр’актичен, хр’оничен, ‘анкетен, д’иректен, к’онфликтен, ‘ажурен, ‘азурен, д’ежурен, к’ултурен, стр’уктурен.
Зборови со неприспособен акцент
а) Акцентот на првиот слог од крајот:
- Некои именки со завршок на самогласка (главно, преземени од францускиот јазик): аташ’е, ателј’е, бид’е, експоз’е, жел’е, кабар’е, клиш’е, крупи’е, куп’е, пир’е, протеж’е, резим’е, реном’е, сепар’е, сиж’е, фоај’е, деб’и, жир’и, рел’и, бир’о, деп’о, лаваб’о, макр’о, нив’о, пан’о, плат’о, сак’о, трик’о, интервј’у, какад’у, рандев’у.
- Некои именки со завршок на согласка: штафел’ај, јубил’еј, мавзол’еј, адмир’ал, генер’ал, журн’ал, иде’ал, интерв’ал, капит’ал, крист’ал, материј’ал, минер’ал, потенциј’ал, рецит’ал, риту’ал, аквар’ел, крокод’ил, проект’ил, карфи’ол, оре’ол, ветер’ан, рестор’ан, целоф’ан, феном’ен, витам’ин, нафтал’ин, никот’ин, параф’ин, пеницил’ин, пластел’ин, проте’ин, ави’он, барит’он, дијапаз’он, електр’он, камеле’он, лампи’он, лексик’он, тепис’он, фара’он, шампи’он, дијам’ант, емигр’ант, практик’ант, амби’ент, аргум’ент, елем’ент, парлам’ент, продуц’ент, темперам’ент, тестам’ент, булев’ар, куло’ар, мемо’ар, реперто’ар, трото’ар, формул’ар, хонор’ар, амат’ер, волонт’ер, вулканиз’ер, диспанз’ер, милијард’ер, милион’ер, опозицион’ер, преми’ер, рекорд’ер, репорт’ер, симпатиз’ер, фрижид’ер, ман’ир, маник’ир, сувен’ир, агрег’ат, адвок’ат, акроб’ат, апар’ат, демокр’ат, диплом’ат, кандид’ат, патрон’ат, резерв’ат, сурог’ат, фалсифик’ат, цит’ат, кабин’ет, кларин’ет, тротин’ет; еруд’ит, колор’ит, параз’ит, фавор’ит, иди’от, инстит’ут, рендгеногр’ам, историогр’аф, кинематогр’аф, кореогр’аф, авантур’ист, алтру’ист, есе’ист, журнал’ист, интерн’ист, лингв’ист, македон’ист, национал’ист, публиц’ист, спорт’ист, флејт’ист, фолклор’ист, хумор’ист, шах’ист, алергол’ог, биол’ог, геол’ог, психол’ог, рендгенол’ог, афинит’ет, имунит’ет, интегрит’ет, наталит’ет, пуберт’ет, универзит’ет, факулт’ет, ацет’он, велосип’ед, доктор’анд, лавир’инт.
б) Акцентот на вториот слог од крајот:
- Некои именки: амбал’ажа, апан’ажа, арбитр’ажа, плант’ажа, репорт’ажа, парафр’аза, дев’иза, хипоф’иза, псих’оза, плеон’азам, сарк’азам, арха’изам, ате’изам, идеал’изам, материјал’изам, национал’изам, орган’изам, реал’изам, романт’изам, тур’изам, гениј’алец, гимназиј’алец, илег’алец, интелекту’алец, вегетариј’анец, парламент’арец, документ’арец, бари’ера, бонбо ни’ера, кари’ера, преми’ера, архитект’ура, глаз’ура, корект’ура, култ’ура, лект’ура, литерат’ура, магистрат’ура, мат’ура, факт’ура, ценз’ура, акт’ива, алтернат’ива, арх’ива, пас’ива, регулат’ива, стат’ива, конзерват’ивец, операт’ивец, репрезентат’ивец, ал’еја, алин’еја, епоп’еја, ид’еја, орхид’еја, турн’еја, компј’утер, маг’истер, вентил’атор, имит’атор, опер’атор, регенер’атор, ел’ипса, грим’аса, тер’аса, пи’еса, поет’еса, стујард’еса, картот’ека, кинот’ека, филмот’ека, цедет’ека, јану’ари, февру’ари, септ’ември, окт’омври, но’ември, дек’ември, аванг’арда, анк’ета, анс’амбл, ант’ена, дин’амо, епиз’ода, ет’апа, каз’ино, лав’анда, лимуз’ина, орб’ита, парал’ела, силу’ета, цун’ами.
- Некои придавки: гениј’ален, иде’ален, специј’ален, театр’ален, акту’елен, визу’елен, адаптиб’илен, варијаб’илен, аларм’антен, арог’антен, хидрат’антен, шарм’антен, ург’ентен, фрекв’ентен, секунд’арен, кок’етен, тоал’етен, малер’озен, тенденци’озен, администрат’ивен, ефект’ивен, позит’ивен, релат’ивен, факул тат’ивен, гарн’иран, мотив’иран, план’иран, резерв’иран, трен’иран.
- Глаголите: ирониз’ира, лак’ира, парк’ира.
Зборови со два начина на акцентирање
Дел од зборовите од туѓо потекло се наоѓаат во постојан процес на приспособување кон македонскиот акцентски систем. Тие што се опфатени со овој процес имаат два начина на акцентирање: б’иф’е, ‘екр’ан, м’икроф’он, н’ерв’оза, п’ортр’ет, р’ез’ерва, р’еф’орма, с’ем’естар, ст’ади’он, т’елеф’он, фр’агм’ент, ш’амп’он.
(Текстот е од Правописот на македонскиот јазик.)
Запомни!
1. Зборови со приспособен акцент
Зборови преземени од други јазици со акцент како македонскиот.
Тука спаѓаат:
а) Некои двосложни именки со акцент на вториот слог од крајот на зборот: с’имбол, л’ектор, к’иви, к’ино, б’ензин, п’аркет итн.
б) Некои трисложни и повеќесложни именки и придавки со акцент на третиот слог од крајот на зборот: м’аскенбал, пр’офесор, д’ијалог, ‘епилог; ‘активен, л’окален, д’ежурен и сл.
2. Зборови со неприспособен акцент
а) Акцент на првиот слог од крајот на зборот: ателј’е, бид’е, куп’е, пир’е, резим’е, нив’о, сак’о; јубил’еј, генер’ал, капит’ал, тепис’он итн.
б) Акцент на вториот слог од крајот на зборот: репорт’ажа, реал’изам, романт’изам, архитект’ура, култ’ура, литерат’ура, кинот’ека, анк’ета; гениј’ален, иде’ален, арог’антен, позит’ивен, мотив’иран; ирониз’ира, лак’ира, парк’ира.
в) Зборови со два начина на акцентирање
Дел од зборовите се во процес на приспособување, па затоа имаат два начина на акцентирање: ‘екр’ан, п’ортр’ет, р’еф’орма, фр’агм’ент и сл.
- Акцентот во македонскиот јазик
- Отстапување од третосложното акцентирање
- Акцентот кај зборовите од туѓо потекло
- Акцентски целости
- Акцент (матура) – кратко повторување на темата