Историски развој на македонскиот јазик е втората тема од областа ЈАЗИК опфатена со матурската испитна програма.
Тука спаѓаат насловите:
- Почетоци на словенската писменост
- Македонскиот јазик во семејството на јужнословенските јазици
- Погледите за македонскиот јазик на Пејчиновиќ, Синаитски, Крчовски, Пулевски и Џинот (избор текстови)
- Погледите на К. П. Мисирков за македонскиот јазик — „За македонцките работи“
- Улогата на Б. Конески во кодификацијата на македонскиот литературен (стандарден) јазик
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Почетоци на словенската писменост
Словенската писменост се создала во втората половина на 9 век, 863 година, кога Кирил ја составил првата словенска азбука — глаголицата.
Залагајќи се за ширење на христијанската вера, Кирил успеал со својата моќ на оратор и филозоф да го убеди Римскиот папа официјално да го признае словенскиот јазик. Така, во 869 година словенскиот јазик станува рамноправен со латинскиот, грчкиот и еврејскиот и можел да се употребува во богослужбата.
Јазикот на старите Словени се нарекува прасловенски јазик, а јазикот по создавањето на азбуката се нарекува старословенски јазик.
Старословенскиот јазик е првиот литературен јазик на сите Словени, тоа е јазикот на Словените кои живееле во околината на Солун во деветтиот век.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Глаголицата е првата словенска азбука која има 38 букви и е создадена од Кирил.
Кирилицата е создадена малку подоцна, врз основа на грчкото писмо и има 44 букви.
Словенската писменост се остварувала преку книжевните школи: Охридската и Лесновската во Македонија, каде се пишувало со глаголица и Преславската во Бугарија, каде се употребувала кирилицата.
Зачувани текстови од овој период во Македонија се: Зографското евангелие, Асемановото евангелие и Мариинското евангелие, сите пишувани со глаголица.
.
Црковнословенски период (варијанти на словенските јазици)
Почетокот на 19 век (Просветителство)
Средината на 19 век (Учебникарите и Преродбата)
Втора половина на 19 век (Лозарите)
Почеток на 20 век (Крсте Петков Мисирков)
Основните принципи предложени од Мисирков, а подоцна применети при конечното стандардизирање на македонскиот јазик се:
Кодификација на македонскиот јазик (Блаже Конески)
Блаже Конески учествувал во двете комисии назначени од Президиумот, за азбука и за правопис.Комисијата за азбука и правопис во дефинитивна форма ги формулирала своите ставови во Резолуција, донесена на 3 мај 1945 година, која била усвоена на 5 мај од Владата на Демократска Федеративна Македонија. Правописот е озаконет на 7 јуни 1945 година.
По кодификацијата (озаконувањето) на јазикот, Блаже Конески продолжува со својата работа врз дефинитивната стандардизација (нормирање) на македонскиот јазик. Тој ги напишал: Правописот, Граматиката, Историјата и Речникот на македонскиот јазик, како и голем број други научни студии поврзани со јазикот.