Морфологија – именски зборови (матура) е кратко повторување на материјалот од темата морфологија.
Морфологија е најобемната, но и централната тема од областа на јазикот. Таа е, можеби, најважниот дел од граматиката.
Во испитната програма за матура од оваа тема се бара:
- Зборовни групи
(од морфолошки, лексичко-семантички и синтаксички пристап); - Функцијата на зборовите во исказ.
Односно, се бараат солидни познавања од морфологијата.
Морфологија
Морфологијата е дел од граматиката што се занимава со проучувањето на формите на зборовите, нивното образување и нивното граматичко значење.
Деловите од кои се состои еден збор, а кои се носители на некое значење (лексичко или граматичко) се наречени морфеми.
Морфемите може да бидат: коренски и афиксални.
1. Корен (коренска морфема) е општиот дел кој повеќе не може да се дели и кој е носител на значењето на група зборови.
2. Афикси (афиксални морфеми) се додатоци на општиот дел (коренот) кои служат за изведување нови зборови или за граматички ознаки.
Зборообразувачки (изведбени) морфеми:
а) префикс — влегува во составот на основата и се наоѓа пред коренот;
б) суфикс — се наоѓа зад коренот, а пред флексијата;
в) интерфикс — се наоѓа меѓу две коренски морфеми.
Формообразувачки (граматички) морфеми:
г) флексија — се наоѓа на крајот од формата на зборот (промена на род, број, лице, вид итн.)
На пример:
град (корен) ба (суфикс)
град (корен) ови (флексија)
из (префикс) град (корен) ба (суфикс) та (флексија)
пред (префикс) град (корен) и (суфикс) е (флексија)
над (префикс) град (корен) ува (суфикс) ат (флексија) итн.
Прочитај повеќе и реши ги задачите во написот на следната ВРСКА.
Морфолошка поделба на зборовите
Морфолошка поделба на зборовите е групирањето на зборовите според надворешните, односно граматички карактеристики.
Според морфолошката поделба, зборовите се делат на: менливи и неменливи.
1. именки
2. придавки
3. заменки
4. броеви
5. глаголи
1. прилози
2. предлози
3. сврзници
4. извици
5. честици
6. модални зборови
Именски зборови се: именки, придавки, заменки и броеви.
Именки
Во врска со именките прочитајте ги следните написи:
- Именки и видови именки
- Граматичките категории кај именките
- Образување на именките
- Вокативни форми кај именките
- Функцијата на именките во реченицата
- Задачи и вежби за именки
Придавки
За придавките прочитајте ги следните написи:
- Придавки и видови придавки
- Граматички категории кај придавките
- Степенување на придавките
- Функцијата на придавките во реченицата
- Образување на придавките
- Вежби и задачи за придавките
Заменки
За заменките прочитајте ги следните написи:
Броеви
За броевите прочитајте ги следните написи:
Морфологија – именски зборови
Прочитај и за: