1. Поделби на литературата
1. Според авторството, литературата можеме да ја поделиме на:
– уметничка (авторска).
– проза.
– среден век;
– ренесанса;
– барок;
– класицизам;
– романтизам;
– реализам;
– модернизам;
– постмодернизам.
2. Лирика
Лириката е еден од трите литературни рода.
Лириката е изразувачка уметност.
Лирските песни се поетски творби со кои се изразуваат чувства, мисли и расположенија. Тие го изразуваат субјективниот став на поетот и претставуваат изблик на чувства, па затоа не може да се раскажуваат (немаат фабула) туку се доживуваат.
Формата на лириката е стихот.
Лирски субјект
Лирскиот субјект во лириката е исто што и нараторот (раскажувачот) во епиката.
Лирскиот субјект е „гласот“ во лирската песна.
Ако поетот ја напишал песната во прво лице еднина, не значи дека тој пишува за себе. А и да пишува за себе, напишаното е креација, значи е измислено, дообликувано, дооформувано. Затоа, не треба да се поистоветува авторот (поетот) со лирскиот субјект.
Стих
Стиховите се стегнати изрази со специфична звучност, значење и ритмика.
Повеќе стихови оформуваат строфа.
Строфа
Поделба според строфите
Песните според организацијата на строфите може да бидат:
2. Строфични, песни што имаат строфи со ист број стихови;
3. Хетерострофични, песни што имаат строфи со различен број стихови (на пример, песната од Србо Ивановски „Градот на принцезата Пастрмка“).
Метрика на стихот
Рима
Римата претставува гласовно (целосно или нецелосно) совпаѓање на исти слогови на крајот од два или повеќе стиха. Има неколку видови рими.
Според распоредот во строфата разликуваме:
Паралелна (рамна) рима има во строфите кога се римуваат првиот и вториот стих; третиот и четвртиот стих (ААББ).
Зашчо, зашчо ја да љубам? (А)
Зашчо себе си да губам? (А)
Окул – нокул јарка младост (Б)
От љубовта барат ладост (Б)
(Думание – К. Миладинов)
Вкрстена рима е кога се римуваат првиот и третиот; вториот и четвртиот стих (АБАБ).
тоа диво во крвта завивање. (Б)
Кине, граба, сече, носи како лавина, (А)
вечна е притаеност и вечно откривање. (Б)
(„Ах таа убавина“ – А.Шопов)
на страницата читана дамна, (Б)
па се чудиш: што толку си пламнат (Б)
а пак образот останал блед! (А)
(„Портрет“ – Г. Тодоровски)
Според местото на акцентот (на последниот слог, на вториот слог од крајот или на третиот слог од крајот) римата може да биде: машка, женска и дактилска.
Во нашиот јазик, заради специфичноста на акцентот, тоа е можно ако се употребат едносложни, двосложни и трисложни зборови.
Машка рима е кога се римуваат едносложни зборови (ред – блед);
Женска – кога се римуваат двосложни зборови (дамна – пламнат; љубам – губам; младост – ладост; даат – клаат);
Дактилска – кога се римувани трисложни зборови (убавина – лавина; завивање – откривање).
Поделба на лирските песни според мотивите
Има многу поделби на лирските песни, но најсуштинска е поделбата според мотивот.
Мотив (поттик) е основната мисла што го инспирирала (поттикнала) поетот да ја создаде песната.
Според мотивот, песните ги делиме на:
– љубовни;
– пејзажни;
– патриотски (родољубиви);
– социјални;
– хумористични (смешни);
– рефлексивни (свртување кон животни, филозофски прашања, за минливоста на животот, смислата на животот и сл.).
Стилски изразни средства
Епитет
Епитет во најширока смисла е секој атрибут, односно секој додаток (најчесто придавка) на именката.
На пример, на почетокот од песната „Везилка“ од Блаже Конески:
„Везилка, кажи како да се роди
проста и строга македонска песна…“
именката „песна“ е опишана со епитетите (придавките): проста, строга, македонска. Наредени се три епитета едноподруго.
Постојани епитети среќаваме во македонското народно творештво. Тоа се чести, вообичаени епитети, како на пример: поле широко, росна ливада, гајтан веѓи и сл.
Двојни епитети се сложените зборови (во состав на еден збор има два збора) карактеристични за творештвото на Хомер.
Во „Илијадата“ секој лик го красат специфични епитети кои речиси сраснуваат со името. Така, Ахил е брзоногиот, боголикиот; Зевс е громобиецот; Хера е белолакта, златостолна; Атина е сјајноока; Аполон е сребренолак, далекуметен; Арес е човекоморец, мажоморец, градобиец; Артемида е стрелометна; Хектор е коњокротец, сјајношлемец итн.
Освен за ликовите двојни епитети се употребени и за други појави и предмети: кораби брзопловни; оган живожарен; корабоводци итн.
Компарација
се гаси од нив ко цвеќе без боја.
(Везилка – Б. Конески)
Метафора
срце – куќа најширока…
(Татунчо – К. Рацин)
Анафора
Анафората е повторување на еден или повеќе зборови на почетокот од два или повеќе стиха:
Лист по лист кини,
лист по лист нижи,
лист по лист превртуј, притискај,
лист по лист милно, таговно реди…
(Тутуноберачите – Кочо Рацин)
Епифора
Кај епифората зборовите се повторуваат на крајот од стихот:
…Дошто сретнав омарнина и жито во движење
беа како твојата коса, Дениција.
Дошто открив сончоглед и светла пушкарница
беа како твоите очи, Дениција.
Дошто сретнав залез, дошто пресеков лубеница
беа како твојата уста, Дениција…
(Дениција – П.М. Андреевски)
Персонификација
Песонификација е кога на предметите, природните појави, апстрактните предмети, животните и растенијата им се даваат човечки особини.
Стивна сегде шумот … градот молкна.
Скопје заспа в ноќен сон.
(Зимска прикаска – Г. Тодоровски)
Хипербола
Хипербола е претерување, преувеличување заради нагласување на одреден емоционален став. На пр.: Те чекам цела вечност.
Глава има колку еден казан,
уши колку два таруна,
очи има колку два шиника.
Он ми сака голема таина:
на ден ми сака една фурна леба,
и ми сака по две бочви вино,
и ми сака по бочва ракија,
и ми сака по три млади крави…
(Болен Дојчин – народна песна)
Градација
Градација е степенување кое настанува со таков избор на зборови, слики и мисли со кои се изразува постепено засилување или слабеење од почетната позиција.
Прва година помина
грутка в срцето и легна,
втора година намина
болест ја в гради искина.
Трета година земјата
на Ленка покри снагата.
(Ленка – К.Рацин)
Реторско прашање
Реторско прашање е стилско изразно средство каде прашалната реченица ја употребуваме како исказна. Прашањето, а најчесто повеќе прашања не се поставуваат за да се добие одговор, туку целта е да се изрази чувствениот однос.
Везилке, кажи како се роди
проста и строга македонска песна
од ова срце што со себе води
разговор ноќен во тревога бесна?
(Везилка – Бл. Конески)
Ономатопеја
во ноќта црна…
(Балада – Г. Тодоровски)
Антитеза (контраст)
Не сум вода да прелеам,
не сум змиа да се проврам,
не сум елен да прескочам,
не сум пиле да прелетам.
(од Поминуам, заминуам – народна песна)
Споредбата во оваа песна е извршена со негирање.
За туѓи бели дворови,
копај си црни гробови!
(Денови – К. Рацин)
Словенска антитеза
ил’ рој од скакулци се вдал?
Дал’ султанот арачлии пред време беше пратил
да збира арач лут без жал?
ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии предвреме беше пратил
да збира арач лут без жал!
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
и да ги брани нема кој….
Алегорија
„Божествената комедија“ од Данте Алигиери е во алегорија.
Метонимија
Метонимија е употреба на зборот во преносно значење врз основа на зависна врска меѓу два пoима од стварноста.
Се употребува еден збор наместо друг, за лица, предмети или појави што се во меѓусебна, надворешна или внатрешна врска.
На пр.: храбар и јак човек се нарекува сила.
Го читаш ли Достоевски? (Дали ги читаш делата од Достоевски?)
Македонско име
нема да загине!
(народна песна)
(Односно, Македонците нема да се предадат, нема да бидат поразени, нема да исчезнат.)
Оксиморон
и покрај се —
живееме, живееме, живееме.
(Нерези – Г. Тодоровски)
Парадокс
На пр.: Знам дека ништо не знам. (Сократ)
Ништо не е повидливо
и ништо не е поприсутно од твоето отсуство.
(Дениција – П.М. Андреевски)
Иронија
Иронија е преправање, всушност го мислиме спротивното од она што го кажуваме.
На пр.: Ти си ми навистина добар другар (а мислиме дека е лош).
„Бог те убил, црна Арапино!
Ал’ се смееш, ал’ навистина маваш,
ал’ од кожува правот ми го тресеш?“…
(Марко Крале ја одменува свадбарината – народна песна)
Асонанца
Асонанца (асонанција) е повторување исти самогласки за постигнување звучен ефект.
На пр.: око соколово.
Откако Ленка остави
кошула тенка ленена
недовезена на разбој…
………………………………..
…„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше даровна…“
(„Ленка“, К. Рацин)
Гласот О е доминантен во целата песна, а особено во стиховите: „Зошто ми, зошто остана…“ кои се израз на длабоката тага заради прерано завршениот живот.
Алитерација
Алитерација е повторување исти согласки или гласовни групи за постигнување звучен ефект.
Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
звуците се бранови на ветрот
низ тревите подгонети.
Некаде ѕвони. Продолжително и нежно.
Глуво е сè. Сал ритамот
плиска по брегот на железото.
(Ѕвона – Матеја Матевски)
Во песната „Ѕвона“ од Матеја Матевски се употребени многу зборови со гласовите: ѕ, з, ж, с, за да го приближи ѕвонењето и преку звукот на зборовите, а не само преку нивното значење.
Прашања и вежби за повторување
- Какви поделби на литературата разликуваме (според кои критериуми)?
- Каква е поделбата на литературата според внатрешните својства?
- Кои се главните одлики на лириката?
- Каква уметност е лириката?
- Што е лирски субјект?
- Што е стих, а што строфа?
- Како се делат песните според строфите?
- Што е метрика на стихот?
- Што е рима?
- Какви рими разликуваме според местото во строфите?
- Какви рими разликуваме според должината на зборот (според акцентот)?
- Како се делат песните според мотивите?
- Научи го значењето на стилските изразни средства!