Хуманизам (предренесанса)
Хуманизмот (предренесансата) се појавува во 12-13 век и претставува преоден период во кој христијанското учење, односно црковните теми и мотиви се сè уште најзастапени.
Предренесансата (хуманизмот – љубов кон човекот, човечно) својот процут го доживува во 15 век.
Нејзини особености се:
– отфрлување на средновековната идеологија;
– верба во човекот (а не во натприродни суштества);
– љубов кон животот на земјата (а не задгробен живот);
– создавање оригинална литература со мотиви и теми од секојдневниот живот;
– пишуваат на латински јазик (Италијаните верувале дека се потомци на старите Римјани и дека латинскиот јазик е многу сличен со современиот италијански).
Токму определбата да пишуваат на латински јазик не овозможува оваа литература да допре до широките народни маси и да достигне повисоки уметнички дострели.
Сепак, имало отстапување од таа определба, а тоа го направиле тројцата најзначајни претставници: Данте Алигиери, Џовани Бокачо и Франческо Петрарка.
Ренесанса
Ренесансата (преродба) е продолжување на предренесансата (хуманизмот) и се појавува во втората половина на 15 век и трае во 16 век.
Под ренесанса не се подразбира само преродба на старата римска литература, туку преродба на целокупниот живот.
Особености на ренесансата се:
– зацврстување на вербата во слободниот човек, а не човек кој се подготвува за задгробен живот;
– во школите и универзитетите се воведува световна настава (се учат природни и општествени науки);
– се развиваат сликарството, вајарството, архитектурата во кои се посветува внимание на убавината , грандиозноста, пространството, бујното човеково тело итн.;
– во литературата темите се црпат од секојдневниот живот;
– пишуваат на народен јазик.
Главни претставници се: Вилијам Шекспир, Мигел де Сервантес, Лопе де Вега (Шпанија), Лодовико Ариосто, Торквато Тасо (Италија), Марин Држиќ (Дубровник).