1. Акцентски целости
2. Клитички изрази
а) Проклитики
- задолжително пренесување на акцентот: в’о вода, д’о дома, з’ад врата, н’а гости, н’а срце; б’ез нас, д’о мене, к’ај тебе; н’е бев, н’е гледам, н’е дојде; к’ој рече? шт’о рече? шт’о сакаш?; ‘и јас, н’и ваму н’и таму.
- факултативно пренесување на акцентот: без м’ака – б’ез мака, на В’ардар – н’а Вардар, на мл’адост – н’а младост, на тр’актор – н’а трактор, пред Б’ожик – пр’ед Божик, спроти ср’еда – спрот’и среда.
- отстапувања од третосложното акцентирање кај проклитичките изрази (акцентирање на вториот слог од крајот): покр′ај нас, покр′ај вас, покр′ај нив (симетрија со: покр′ај мене, покр′ај тебе), меѓ′у нас, покр′ај ѕид, прек′у пат; не му г′о зел, не ми ј′а дал (симетрија со: не ми ј′а даде); кој ми г′о зел, кој му ј′а дал.
б) Енклитики
Кај клитичките изрази со енклитика секогаш имаме задолжително пренесување на акцентот во случаите како: бр’ат ми, брат’учед ми, братуч’етка ми, ‘еве го, ‘еве ја, ‘еве ти, вид’ете го, ‘види се, д’ајте ја, дон’еси ги, ‘оди си, ‘речи му.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
3. Акцентски низи
Кај акцентските низи разликуваме два случаја на поврзување: задолжително пренесување и непренесување на акцентот врз клитиката.
а) Задолжително пренесување: не гл’едај ја, не д’авај ми, не ч’екај го, си му р’екол ли?; не б’и дошол, не г’о виде, не м’у рече, не с’е смеат, не с’ум дошол, не ќ’е дојде; кај ќ’е оди? кого г’о виде? кој м’у рече? кој ќ’е оди? кому м’у рече? што м’у рече? што с’и мислиш?; годин’а и пол, педесет ‘и еден, тр’и и пол, триесет ‘и три; заблагодарет’е му се, носет’е му го.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
б) Непренесување на акцентот: би го в’идел, ти ја пр’очитав, ќе си ‘одам, ќе ти го д’адам.
Запомни!
Акцентски целости и клитички изрази се една од основните одлики на македонскиот стандарден јазик во сферата на правоговорот.