Почетна » втора година » Класицизам (втора година)

Класицизам (втора година)

Да се потсетиме!

 

1. Историскиот развој на литературата го следиме од нејзините почетоци, од првобитното општество, како спој на музика, текст и игра познато како првобитниот синкретизам. Остатоци од ова творештво имаме во фолклорот, во народните обредни песни.

2. Стотици и илјадници години пред нашата ера се формирале старите држави, а во нив и старите литератури: асиро-вавилонска, старохебрејска, староиндиска, старокинеска, старогрчка и други.

а) Зачувано дело од асиро-вавилонската (сумерска) литература е „Гилгамеш“ – еп запишан околу 2000 години пред нашата ера, а создаван стотици години пред тоа.

б) Од старогрчката литература се зачувани многу литературни и филозофски дела, но ние им обрнавме внимание на „Илијада“ од Хомер и „Царот Едип“ од Софокле.

в) Од старохебрејската литература потекнува „Библијата“.

3. По многу столетија од старата литература, најмногу заради силното влијание на црквата, дури во 12, односно 13 век, се појавува хуманизмот (човечно, љубов кон човекот). Во 15 век се смета дека се појавува периодот (правецот) ренесанса, со свои одлики и главните претставници: Данте Алигиери („Божествена комедија“), Џовани Бокачо („Декамерон“), Франческо Петрарка („Канцонерот“), Вилијам Шекспир („Хамлет“), Мигел де Сервантес („Дон Кихот“) и други.

 

Класицизам

 

Класицизмот е правец во уметноста и литературата кој се појавува во втората половина на 17 век, во Франција.

Главни карактеристики на класицизмот се:

1. Култ кон антиката – античкото творештво да биде пример и поттик за создавање.

2. Совршенство на формата – да се придржуваат кон определени принципи на литературните родови и видови (да нема нивно мешање).

3. Се заложувале за возвишен говор, јасност и хармоничност на стилот.

4. Сметале дека инспирацијата (вдахновението) е основен предуслов за уметничко создавање, кое секако мора да биде поткрепено со знаење.

5. Се залагале за создавање творби за различни категории луѓе што придонело да ги поделат литературните видови и стилови во три групи: виши, средни и нижи.

Во нижите спаѓала комедијата и таа го отсликувала секојдневниот живот на обичните луѓе. Се пишувале на едноставен, низок стил, со поголема слобода. Целта била да ги насмее луѓето.
Главен претставник на класицизмот е Жан Батист Молиер, кој пишувал комедии.

Scroll to Top