Просветителството во Европа
При крајот на 17 и почетокот на 18 век, моќната буржоазија сакала што побрзо да го симне феудализмот од опшествената сцена.
Просветителството се јавува како идеологија на буржоазијата која верувала дека за менување на општеството е доволно да се смени сознанието на човекот.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Како најнапредна се јавува буржоазијата во Англија чии научници и мислители ги шират новите идеи.
Просветителството (рационализмот) на прво место го става човековиот разум.
Човекот не можел повеќе да се задоволи со толкувањето на црквата за настанокот на светот и животот. Тој сакал сè да види и сè да испита, а за да успее ова критичко гледање на стварноста, човекот морал да биде просветен. (Разумот да се просвети – рационализам и просветителство.)
Придвижувач на идеите на просветителството е филозофот Џон Лок со делото „Теорија на сознанието“.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Според него, сознанието не е вродено, туку се развива во текот на животот. За него, детето кога ќе се роди е празна табла (tabula rasa) на која животот, сознанијата и искуството ги испишуваат впечатоците. Џон Лок смета дека сè што не може да се докаже со здравиот разум е невистина, лага, заблуда и суеверие.
Во ова време творат и двајца многу популарни писатели: Даниел Дефо („Робинзон Крусо“) и Џонатан Свифт („Гуливеровите патувања“).
Од Англија, правецот се шири и во Франција.
Волтер, во своето дело „Кандид или за вербата“ ги исмева кралевите, свештениците, благородниците и воените лица со што покажува дека тие немаат божествено потекло, односно дека не се определени од Бога да владеат со народот.
Жан Жак Русо, во делото „За општествениот договор“ истакнува дека секој човек се раѓа слободен, па затоа потчинетоста на луѓето е најголемо зло што треба да се искорени.
Во духот на просветителството, Дени Дидро, со многу соработници, најголемите мислители од тоа време, ја составува првата „Енциклопедија“. Целта била, на едно место да се собере целокупното човечко знаење и да се пренесе на следните генерации.
Жан де Лафонтен
Жан де Лафонтен живее и работи во втората половина на 17 век, на преминот од класицизмот во просветителството. Тој е поет, раскажувач, романсиер, комедиограф, но најпознат е како баснописец.
Лафонтен создал нов тип басна во која фабулата е поважна од поуката. Басните ги пишувал во слободен стих.
За основа ги зел Езоповите басни, но ги надградил со современи елементи, иронија и сарказам.
Во нив ги исмевал благородниците и нивната вообразеност, суетност, дрскост, надменост; ја исмевал и граѓанската класа – нејзината нерешителност, плашливост, грубост, скржавост; ги исмевал и поповите, чиновниците, лекарите, професорите, адвокатите; го исмевал и францускиот монарх, кралот Луј XIV, неговата самобендисаност, горделивост, презир кон обичните луѓе итн.
Запомни!
Просветителството (рационализам и просветителство) се појавува на почетокот од 18 век во Англија.
Просветителите на прво место го ставаат човековиот разум кој мора да биде просветен (образование и разумно толкување на стварноста).
Зачетник на правецот е филозофот Џон Лок, а литературни претставници се: Даниел Дефо („Робинзон Крусо“) и Џонатан Свифт („Гуливеровите патувања“) од Англија; Волтер, Русо и Лафонтен од Франција.
Едно од најголемите остварувања на просветителите е составувањето на првата „Енциклопедија“ раководено од Дени Дидро.