Почетна » втора година » Џорџ Гордон Бајрон

Џорџ Гордон Бајрон

За животот на Бајрон

 

Странствувањето на Чајлд Харолд

Лорд Џорџ Гордон Бајрон

Лорд Џорџ Гордон Бајрон (1788-1824) е претставник на романтизмот од Англија.

Неговото семејство било со благородничко потекло, но осиромашено. Кога имал 10 години, починал некој негов братучед и од таму се стекнал со богатство и лордовска титула. Ова му овозможило да се школува во Кембриџ, а потоа да биде член на Англискиот парламент. Таму ги застапувал правата на работниците и затоа конзервативците го мразеле и јавно го напаѓале. Разочаран од нападите решил да ја напушти Англија и да ги посети средоземноморските земји.

Кога се вратил, неговите противници уште повеќе го напаѓале, не само заради политичките убедувања, туку и поради неговото слободоумно однесување. Тој бил убав, но куц (едната нога му била покуса), а односите со мајка му биле чудни. Таа на моменти била многу мила, нежна и интимна, а потоа хистерична и непресметлива (го тепала). Уште кога бил дете и кога доаѓал дома на распустите, го гледал нејзиниот распуштен живот исполнет со забави и оргии. Ваквиот начин на живот и тој го продолжува. Се оженил за грофица, но таа го напуштила.

Подоцна повторно ја напуштил Англија, но овојпат засекогаш. Во Грција се приклучил во ослободителното движење и таму починал од силна треска (најверојатно сифилис).

Со своите поеми Бајрон се искачува на врвот на англиската литература:
„Странствувањето на Чајлд Харолд“, „Абидонската свршеница“, „Лара“, „Корсар“, „Ѓаур“; драмите: „Манфред“ и „Каин“; и хумористично-сатиричните текстови: „Дон Жуан“ и „Небо и земја“.

Запомни!

Лорд Џорџ Гордон Бајрон (1788-1824) е претставник на романтизмот од Англија.
Потекнувал од благородничко, но осиромашено семејство.
Се школувал во Кембриџ и бил член на Англискиот парламент.
Разочаран од политиката, отишол на пат по средоземноморските земји.
По враќањето се оженил со грофица која го напуштила заради неговиот распуштен живот.
Критиките кон него продолжиле, па тој ја напуштил Англија засекогаш.
Се приклучил во ослободителното движење во Грција, каде починал од треска.
Негови најзначајни дела се поемите: „Странствувањето на Чајлд Харолд“, „Абидонската свршеница“, „Лара“, „Корсар“ и „Ѓаур“.
Scroll to Top