Прашања за повторување на рускиот реализам:
- Со која особеност се карактеризира реализмот на Гогољ?
- Кои се најпознати дела на Гогољ?
- Како е опишан берберот во расказот „Нос“ од Гогољ?
- Како се однесувал мајорот Коваљов кога останал без својот нос?
- Како се однесувал Носот кон својот сопственик?
- Која е главната идеја на авторот во расказот „Нос“?
- Опиши го главниот лик Акакиј Акакиевич од расказот „Шинел“!
- Како се однесувале колегите од канцеларијата кон Акакиј?
- Како е опишан кројачот во расказот „Шинел“?
- Што се случува со новиот шинел на Акакиј?
- Кои се најпознатите романи на Лав Николаевич Толстој?
- Која е главната тема во романот „Ана Каренина“?
- Кои свои ставови Толстој ги искажува преку ликот на Левин?
- Опиши го ликот на Ана Каренина!
- Опиши го ликот на Вронски!
- Опиши го ликот на Алексеј Каренин!
- Опиши го ликот на Стива Облонски!
- Најброј барем три дела од Достоевски!
- Опиши го ликот на Раскољников од романот „Злосторство и казна“!
- Опиши го ликот на Соња Мармеладова!
- Зошто Раскољников ја убил Елисавета Ивановна?
- Зошто Раскољников сака да го спречи бракот меѓу сестра му Дуња и Лужин?
- Што ѝ остава Марфа Свидригајлова на Дуња и зошто?
- Што е најголемата казна на Раскољников?
- Со кого ќе се омажи Дуња?
- Што ќе се случи со Свидригајлов на крајот од романот?
- Каде, на крајот, Раскољников ќе го најде својот спас?
- Како се вика последната фаза на реализмот чиј претсавник е Чехов?
- На каков вид драма е творец Чехов?
- Кои се карактеристиките на расказите на Чехов?
- Што критикува Чехов во расказот „Смртта на чиновникот“?
- Опиши го главниот лик Беликов од расказот „Човек во футрола“!
- Што е облогот во расказот „Облог“ од Чехов?
Прашања реализам – односно овие прашања од рускиот реализам служат за повторување и подготовка за конторлна задача за учениците.