Време е граматичка категорија кај глаголите.
Времето го изразува временскиот однос на вршењето на глаголското дејство спрема моментот на зборувањето. Има три временски плана: сегашност, минатост и идност.
Во македонскиот јазик ги разликуваме следните времиња:
сегашно (Означува дејство што се врши во моментот на зборувањето.);
минато определено несвршено и свршено (Искажува глаголско дејство кое се вршело или извршило во минатото во присуство на лицето што зборува.);
минато неопределено (Има несвршено и свршено во зависност од видот на глаголот. Означува дејство кое е вршено или завршено во минатото, без притоа да се побудува претстава за одреден момент кога се одвивало. Служи за директно кажување или за прекажување.);
предминато (Искажува дејство што се извршило пред некое друго минато дејство.);
идно (Означува дејство кое се врши или извршува по моментот на зборувањето.);
минато-идно ( Означува дејство кое е идно во однос на некој друг минат момент.);
идно прекажано време (Искажува идно или минато-идно дејство кое сами не можеме да го посведочиме.).
Идно прекажано време е сложена глаголска форма. Со него се искажува идно или минато-идно дејство кое сами не можеме да го посведочиме.
Се образува со честичката ќе и минато неопределено време од глаголот.
На пример:
- Ова време се образува и од несвршени и од свршени глаголи.
- Во формата за трето лице се испушта помошниот глагол сум.
- Кај оние глаголи што имаат две л-форми, се зема несвршената форма.
- Одречната форма
Минато-идно време е сложена глаголска форма. Со него се означува дејство кое е идно во однос на некој друг минат момент. Во однос на сегашниот момент, тоа означува минатост.
Се образува со честичката ќе и минато определено несвршено време од глаголот.
ќе + глагол во минато определено несвршено време
На пример:
Иако од свршени глаголи не се образува минато определено несвршено време, сепак таквите форми се употребуваат при градбата … Прочитај повеќе
Идно време е сложена глаголска форма. Со него се означува дејство кое се врши или извршува по моментот на зборувањето. Идноста не мора да се однесува само на моментот на зборувањето, туку и на идност по некој минат момент.
На пример:
Утре ќе одам на Водно.
Минатата недела ти кажав дека ќе одам на Водно.
Идно време може да се образува и од несвршени и од свршени глаголи. Се … Прочитај повеќе
Предминато време е сложена глаголска форма. Со него се искажува дејство што се извршило пред некое друго минато дејство.
Се образува од минато определено несвршено време од сум (бев) и глаголската л-форма.
бев + л-форма
На пример, со глагол од а-група:
Со глагол од и-група
Со глагол од е-група
Значењето на предминато време
Значењето на ова време е означување дејство што се случило пред друго минато … Прочитај повеќе
Дон Кихот (раскажана)15/11/2009 - 20:57
„ Хамлет “ од Шекспир (раскаж...01/11/2009 - 20:58
„ Декамерон “ (избор цели рас...09/10/2009 - 20:37
- Видови стихови и рима10/10/2009 - 21:57
Франческо Петрарка18/10/2009 - 10:09
- Композиција на песните10/10/2009 - 21:00
Мигел де Сервантес10/11/2009 - 19:53
- Лирско-епски видови28/10/2009 - 18:23
- Македонска енциклопедија09/09/2019 - 11:19
- Гого Ивановски – избор песн...19/06/2019 - 10:53
- Современи македонски поети19/06/2019 - 10:14
- Творештво за масакрот во Вата...16/06/2019 - 08:36
- Човекот што викал „Господ да ги...12/05/2019 - 07:19
- Попот што ќе одел во рајот04/05/2019 - 22:11
- Гемиџиите (Солунските атентат...24/04/2019 - 14:46
- Царот и философот21/04/2019 - 08:40