Менливи зборови се дел од морфолошката поделба на зборовите.

Морфолошки, според своите надворешни својства, зборовите се делат на: менливи и неменливи.
Менливите зборови може да претрпуваат промени, односно со додавање префикси и суфикси го менуваат своето граматичко значење. Тие имаат граматички категории. Додека неменливите се непроменливи во секаков контекст.

Менливи зборови се:
1. именки
2. придавки
3. заменки
4. броеви
5. глаголи

За образување на именките во македонскиот јазик има многу продуктивни наставки. Од нив се изведуваат нови именки и на тој начин се збогатува речникот.
Се разбира, голем е бројот на основните (неизведените) именки, но тука ќе ги разгледаме именките кои се образувани од други видови зборови.
Именките се образуваат на повеќе начини:
а) без суфикси (жал),
б) со суфикси (жалба),
в) со префикси (натпревар),
г) со префикски и суфикси (изградба),
Прочитај повеќе

Вокативни форми или форми за обраќање кај именките се остатоци од старите падежи.

Во сите словенски јазици, освен македонскиот и бугарскиот, за означување на разни односи на зборовите во реченицата се употребуваат падежните форми на именските зборови. Но, во нашиот јазик, падежите се загубиле, а таквите односи се прикажуваат со други средства, најчесто со предлози.

Сепак, остатоци од падежите среќаваме кај некои зборови и во македонскиот јазик.

(На пример, кај

Прочитај повеќе

Именките во македонскиот јазик имаат три граматички категории: род, број и член (определеност).

 

Граматичка категорија род кај именките

 

Секоја именка во македонскиот јазик си има свој род: машки, женски или среден. Родот е содржан во именката и тој не може да се промени.

На пр.: човек – машки род; жена – женски род; дете – среден род.

Родот го има само во еднинската форма на именката.
На пр.:

Прочитај повеќе

Именки се менливи зборови што означуваат поим за некој предмет и за сето она што го мислиме опредметено.

Со именките се означуваат суштества, предмети, појави и поими.

 

 

Традиционално, именките се делат на:

1. Општи 
– оние именки што означуваат родов поим (еднородни предмети или суштества), имиња на предмети или суштества од кои има многу во светот (стол, табла, креда, човек, мачка, теле, град, река);
– го означуваат материјалот

Прочитај повеќе

Морфолошка поделба на зборовите е групирањето на зборовите според надворешните, односно граматички карактеристики.

Има повеќе поделби на зборовите.

Најстара е онаа поделба во која зборовите се групирани според своите внатрешни својства. На пример, сите зборови што означуваат име на нешто (предмет, појава, чувство итн.) спаѓаат во групата именки. Другите групи ги сочинуваат: придавки, заменки, глаголи, броеви, прилози, предлози, сврзници, извици, честици и модални зборови.

Морфолошки, според своите надворешни својства, зборовите
Прочитај повеќе