Почетна » македонски јазик » морфологија » неменливи зборови

неменливи зборови

Неменливи зборови се дел од морфолошката поделба на зборовите.

Морфолошки, според своите надворешни својства, зборовите се делат на: менливи и неменливи.
Неменливите зборови не претрпуваат никакви промени. Тие секогаш се јавуваат во истата форма.
На пример, сврзникот „и“ не може да го промениме, понатаму зборовите: по, во, над, ако, меѓу, ќе, итн. не претрпуваат промени.

Неменливи зборови се:

1. прилози
2. предлози
3. сврзници
4. извици
5. честици
6. модални зборови

Извици

Извици се зборови со кои се изразуваат чувствени рефлекси, се обрнува внимание или се имитираат звуци. Најчесто, тие стојат на почетокот на реченицата и не

Извици Прочитај повеќе »

Честици

Честици се неменливи зборови што се придаваат на други зборови за да ги засилат или изменат во нивното значење или значењето на целата реченица.

Честици Прочитај повеќе »

Предлози

Предлози се неменливи, службени зборови кои покажуваат однос меѓу именските зборови во реченицата или однос меѓу глаголското дејство и додатоците.

Предлози Прочитај повеќе »

Прилози

Прилози се неменливи зборови што ги дополнуваат глаголите по место, време, начин и количество. Тие можат да дополнуваат и придавки, именки и други прилози.

Прилози Прочитај повеќе »

Scroll to Top