Прости глаголски форми се оние што содржат само глагол во лична глаголска форма. Тука глаголот добива различни наставки (флексии) и го среќаваме во различни збороформи. Односно, зборот не го менува своето основно (лексичко) значење, туку само граматичкото.

Во прости глаголски форми спаѓаат:

а) сегашно време,

б) заповеден начин,

в) минато определено (несвршено и свршено) време,

г) глаголска л-форма,

д) глаголска придавка,

ѓ) глаголски прилог, и

е) глаголска именка.

Глаголската именка е именска форма на глаголот. Со неа се искажува трајно глаголско дејство. Таа го именува глаголското дејство.

Граматички, глаголската именка се однесува како именка. Таа е во среден род, може да направи множина и да се членува.

  • Се образува од несвршен глагол и наставката -ње.

На пример: носење, викање, плетење, читање, седење, пиење, јадење.

јаде: јадење (еднина, среден род); јадења (множина);

членувана форма, во еднина: јадењето, јадењево, јадењено;… Прочитај повеќе

Глаголскиот прилог е именска форма на глаголот и проста глаголска форма.

Се образува од несвршени глаголи и наставката: – јќи

  • Кај глаголите од а-група, наставката се додава зад основниот вокал а: чита: читајќи, игра: играјќи, вика: викајќи.
  • Кај глаголите од и-група и е-група, наставката се додава на основниот вокал е: носи: носејќи, коси: косејќи, оди: одејќи; плете: плетејќи, мие: миејќи, пее: пеејќи.

Со глаголскиот прилог се искажува … Прочитај повеќе

Глаголската придавка спаѓа во именските форми на глаголот.

Се образува од глаголот и наставките: -н, -на, -но; -не; и: -т, -та, -то; -те.

На пр.: читан, читана, читано; читани; носен, плетен, шиен;
ценет, ранет, пукнат, чукнат, паднат.

Глаголската придавка претставува преодна форма од глагол во придавка, но граматички се однесува како придавките. Ги има трите граматички категории – род, број и член.

  • Се образува од несвршени и од свршени глаголи.
Прочитај повеќе

Глаголската л-форма нема самостојна употреба во реченицата. Со неа, со помошниот глагол сум и честичката би, се градат некои сложени глаголски форми.

Глаголската л-форма спаѓа во именските форми на глаголот. Таа е нелична глаголска форма (нема промени по лица), но има три форми за трите рода во еднина и една форма во множина.

Се образува од глаголот и наставките: -л, -ла, -ло; -ле.

глагол + л 

На пример, од несвршени … Прочитај повеќе

Во простите глаголски форми спаѓаат и именски форми на глаголот (нелични глаголски форми).

1. Глаголска л-форма

Глаголската л-форма нема самостојна употреба во реченицата. Со неа и со помошниот глагол сум се градат некои сложени глаголски форми.
Се образува од глаголот и наставките: -л, -ла, -ло; -ле.
На пр.: викал, викала, викало; викале; носел, носела, носело; носеле; плетел, плетела, плетело; плетеле.

2. Глаголска придавка

Глаголската придавка врши две служби: глаголска и … Прочитај повеќе