Наводници („ “) се интерпункциски знак. (Тие не се употребуваат како правописен знак.)

Влезните наводници се пишуваат долу („) на почетокот, а излезните наводници се пишуваат горе (“) на крајот од исказот.

 

Наводници се пишуваат:

  • во цитати, нечии искази што се претставуваат директно, онака како што се кажани или напишани; 
На пример: Тој рече: „Денес се чувствувам добро“.
       „Денес, — рече тој — се чувствувам добро“.
  • во искази што
Прочитај повеќе

Две точки (:) се интерпункциски и правописен знак.

 

Како интерпункциски знак

Како интерпункциски знак, две точки се употребуваат:
  • пред набројување (зборови, зборовни состави, реченици или делови од текстот);

На пример: Денес по распоред имаме: англиски, математика, хемија, историја, македонски и биологија.

  • по зборовите или изразите: како, на пример, и тоа, имено, следново, овие и сл. со кои се воведува набројувачка низа;

На пример: Напишете антоними за следниве зборови: ден, … Прочитај повеќе

Прашалник е интерпункциски знак. Како правописен не се употребува.

Со него се бележи прашалната интонација, односно промената на тонот од ниска кон висока точка.

 

Прашалникот го употребуваме:

 

  • на крајот од прашалната реченица во чијшто состав има прашални зборови или изрази;

На пример: Ќе дојдеш ли утре кај мене?

  • на крајот од алтернативно прашање со сврзникот или;

На пример: Ќе дојдеш или не?

  • на крајот од прашална реченица
Прочитај повеќе

            А. Запирка во проширената реченица

            1. Со запирка се одделуваат еднаквите делови во реченицата (подмети, предмети, атрибути), како набројување.
            На пр.: Доматите, пиперките, морковите и компирите беа скапи оваа година.
            2. Апозицијата се одделува со запирка.
            На пр.: Тони, мојот сосед, има убаво куче.
            3. Извиците се одделуваат со запирка.
            На пр.: Оф, нешто ме боцна!
            4. Вметнатите зборови и изрази се одделуваат со Прочитај повеќе

Точка се користи како интерпункциски и како правописен знак.

Интерпункциски се пишува:

  • на крајот од расказните реченици, (На пример: Денес ќе ручаме подоцна.)  и
  • на крајот од речениците со кои се искажува блага заповед (На пример:    Јади убаво, те молам.).

Правописно се пишува:

  • кај скратениците;
       На пример: и сл., и др., итн., г. (но, не кај сите! Види: Скратеници и скратување на зборовите.)
  • кога
Прочитај повеќе