Со речениците се искажува ставот на говорителот. Тој може само да соопшти нешто, да праша, да изрази желба, потреба, наредба, и сите тие потоа да ги негира (потврдни и одречни). Модалност на реченицата  е видот на реченицата зависно од изразениот став.
Разликуваме:
  1. Расказни реченици – соопштуваат за нешто, за настани во минатото, сегашноста или иднината. Кај овие реченици, при пишувањето на крајот ставаме точка,
Прочитај повеќе
Активна или пасивна реченица е предмет на изучување на синтаксата.
Граматичката категорија залог, пак, е предмет на изучување на морфосинтаксата.
.
Во двата случаја се работи за односот на граматичкиот подмет или предмет во однос на дејството.
Ако подметот е вршител на дејството тогаш реченицата е активна.
Ако подметот станал трпител на дејството (предмет), тогаш реченицата е пасивна.
.
Активна реченица
.
Согласување е приспособување меѓу зборовите во реченицата. Подметот и прирокот се согласуваат по род, број и лице.
  1. Согласување по лице.
Прирокот се јавува во она лице што му одговара на лицето на подметот.
Пр.: Седам на час.
  1. Согласување по род има кога прирокот содржи л-форма.
Пр.: Седел на час. (тој)
Проблем со согласувањето по род има кај именките како: директор, министер, амбасадор, адвокат и Прочитај повеќе
Подмет е втор главен реченичен член.
Основен член на реченицата е прирокот. Тој секогаш оди со подметот, односно во секоја проста реченица освен прирок има и подмет.
Подметот го означува вршителот на дејството. Тој не мора да биде изразен во реченицата, туку може да го откриеме во формата на глаголот или од контекстот.
На пример:
Пишувам домашна.
Со формата на глаголот, … Прочитај повеќе
Безлични се оние реченици кај кои прирокот не отвара место за подмет.
Дејствата или состојбите во овие реченици се без некаков вршител затоа што:
  • не сме во состојба да го именуваме вршителот (Грми.);
  • може да го именуваме, но не сакаме; се апстрахираме од вршителот давајќи му предност на дејството (Тука се работи деноноќно.);
  • вршителот е сигнализиран со кратка заменска форма (Му се спие.);
Прочитај повеќе