Написи

Зборообразување е лингвистичка дисциплина што се занимава со начини на формирање и изведување нови зборови.

Предмет на проучување е зборот, но не во негова граматичка (морфолошка или синтаксичка смисла), туку во неговата значенска (лексичка) смисла.

Обновувањето на лексичкиот фонд се врши на два начина:

а) со образување нови зборови врз основа на веќе постојните;
б) со примање туѓи зборови и нивно адаптирање.

Зборообразувањето е во тесна врска … Прочитај повеќе

Вежби лексикологија (лексички значења на зборовите, лексиката според потеклото, според сферата на употреба, според процесот на обновата, стилска вредност):

1. Напиши синоними за следните зборови:

мома, ружа, поаѓа, има, душман, ракоплеска

2. Како се викаат здебелените зборови во примерот:

Мојот син има 12 години.
Тој носи син шешир.

3. Употреби ги зборовите наградува и надградува во реченици.

Како се викаат овие зборови? _______________________________________

4. Употреби го зборот лак во реченици … Прочитај повеќе

Лексиката според сферата на употреба

Според сферата на употреба зборовите ги делиме на: општонародна лексика, дијалектна, професионална, терминолошка и жаргонска.

1. Општонародната лексика ја сочинува основата на зборовниот состав.
Разликуваме:
а) разговорна лексика – зборови кои се употребуваат во усната форма на стандардниот (литературниот) јазик. При говорот не се нарушува нормата, но звучи неофицијално, неприсилено.
б) книжна лексика – основата на писмената форма на јазикот. Ја употребуваат писателите со свесен … Прочитај повеќе
Разгледување стилска вредност на зборовите е задача на лексикологијата.
Кога заземаме позитивен или негативен однос кон лицата и предметите, зборовите добиваат поинаква стилска вредност.
За изразување позитивен однос се употребуваат:
1. Деминутиви – зборови што означуваат нешто смалено или галовно. Најчести наставки за образување се: -е, – че, – уле и -енце (На пр.: носе, столче, прстуле, раченце).
2. Хипокористици – за изразување чувствен однос.
Понекогаш со деминутивно-хипокористичките наставки … Прочитај повеќе
Лексиката, односно зборовите, се разгледуваат и според процесот на обновата. Како тие се менувале или заменувале со други зборови.
поред историскиот развиток, односно според процесот на обновата, зборовите се делат на:
1. Историзми се зборови што се употребувале во минатото, а предметите и појавите кои ги означувале денес повеќе не постојат. Ваквата лексика ја употребуваме ако зборуваме (пишуваме) за минатото во кое биле актуелни (На пр.: вилает, чорбаџија…)
2. Архаизми … Прочитај повеќе