Написи

Песните имаат своја композиција. Тие се стихувани творби, со определена ритмика и метрика, организирани во строфи или астрофични, со рима или неримувани.

Силабичен стих е стих со одреден број слогови. Кај него нема ритмички стапки, туку е важен бројот на слоговите – метриката, цезурата (пауза во средина на стихот) и паузата на крајот од стихот.
Во сите стихови на песната мора да има еднаков број слогови. Силабичниот стих е широко … Прочитај повеќе
итмички стапки се целини од нагласен и ненагласен слог.
Има двосложни и трисложни ритмички стапки.
.
Јамб е двосложна стапка во која првиот слог е ненагласен (краток), а вториот е нагласен (долг).

Во нашиот јазик за да се постигне оваа стапка стихот мора да започне со сврзник, предлог, кратка заменска форма и сл. кои не се акцентираат, а вториот збор е полнозначен двосложен, акцентиран според правилата на првиот слог.

Прочитај повеќе
Песните имаат специфична композиција (конструкција).
Основен елемент на песната е стихот. Стихот претставува еден ред од песната, кој е покус од редот во текстот и се забележува со голо око.
Стиховите се стегнати изрази со специфична звучност, значење и ритмика.
Повеќе стихови оформуваат строфа.
.
Строфа е целина од одреден број стихови со ритам и интонација (може и рима). Таа претставува мисловна целина.

Според бројот на стиховите, разликуваме:

Прочитај повеќе

Лирика е еден од трите литературни рода. Лириката понатаму се дели на лирски видови.

Формата на лириката е стихот. Во прозни текстови може да сретнеме лирски елементи, но тешко ќе сретнеме лирски дела во проза.
Лириката е изразувачка уметност, бидејќи лирските песни се поетски творби со кои се изразуваат чувства, мисли и расположенија. Тие го изразуваат субјективниот став на поетот и претставуваат изблик на чувства, па затоа не … Прочитај повеќе

Литературата се дели според неколку критериуми, но според нејзините внатрешни својства се дели на родови: епикалирика и драма.

(Лирско-епските дела не се посебен род, туку претставуваат меѓурод каде лирските и епските елементи се испреплетени. И тие имаат свои лирско-епски видови)
Секој од родовите има свои видови:  епски видови, лирски видови и драмски видови
Според формата епските видови се делат на: епски видови во стих и … Прочитај повеќе