Написи

Коста Абрашевиќ (1879 – 1898)

 

оста Абраш (Абрашевиќ) е роден во Охрид, но неговото семејство се преселило во Шабац, Србија.
Затоа тој својата поезија ќе ја напише на српски јазик.

Починува многу млад, на 19 години, од туберкулоза.

 

Поетско творештво

 

Мотивите во неговите песни се социјалната неправда, но и непомирливоста со неа, односно револуционерниот бунт.

Во песната „Црвена“ многу јасно и гласно го искажува својот гнев и гневот Прочитај повеќе

Христо Смирненски (1898 ̶ 1923)

 

ристо Димитров Измирлиев е роден на 29 септември 1989 година во Кукуш. (Татко му бил од Кукуш, а мајка му охриѓанка.) Псевдонимот Смирненски го извел според презимето – од градот Измир кој на словенски е Смирна. Во родното место го завршува основното образование, а првите два класа гимназија во Софија. Но, од финансиски причини принуден е да се врати во Кукуш, каде го продолжува … Прочитај повеќе

Повторете ја темата Македонската литература меѓу двете светски војни.
Голем дел од прашањата се преземени од прашањата за екстерно тестирање, но понудените одговори се произволни, односно претпоставени. Иако е така, сепак, ова е добра подготовка за екстерното тестирање.

1. Доминантни мотиви во песните од збирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин се:

а) патриотските; б) аргатските; в) љубовните; г) пејзажните.

2. Кои песни се од стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин?… Прочитај повеќе

Кочо Рацин – Коста Солев (1908-1943)

Дробилката рикаше по цел ден со ужасен букот и меѓу своите челични чекани едноставно го ситнеше масивниот камен. Слабо разбирливо беше дека не ги дроби и коските на работникот. Стопанот на дробилката ја купуваше навидум само работната снага, туку со тоа на наемниците им ја запоседуваше и свеста. Друго и не можеше да биде: само така тој можеше да го има за свое она што е туѓо.
Свеста, тоа е … Прочитај повеќе

Матурскиот тест од август 2011 ја содржеше следнава задача за „Бели мугри “:

 

Прочитај ја песната „Печал“ од Кочо Рацин и одговори на поставените прашања.

Печал

Нема ли живот, нема ли
љубов за живот голема,
љубов за живот човечна
у вија гради аргатски?

Нема ли срце, нема ли
срце – на срце срцето,
срце – ширини широко
срце – длабини длабоко –
цел свет да збере, па да … Прочитај повеќе