Написи

 

Македонските народни песни претставуваат дел од богатото фолклорно наследство на нашиот народ.
Во следниот подолг текст се дадени примери од лирските (сите видови), лирско-епските и епските македонски народни песни.

 

Народните песни потекнуваат од најдалечното минато. Нивниот автор е непознат (анонимен), а се зачувале со усно пренесување од колено на колено.
Македонските народни песни почнале да се запишуваат во средината на деветнаесеттиот век, во времето на Преродбата. Први интерес
Прочитај повеќе

Песните имаат своја композиција. Тие се стихувани творби, со определена ритмика и метрика, организирани во строфи или астрофични, со рима или неримувани.

Силабичен стих е стих со одреден број слогови. Кај него нема ритмички стапки, туку е важен бројот на слоговите – метриката, цезурата (пауза во средина на стихот) и паузата на крајот од стихот.
Во сите стихови на песната мора да има еднаков број слогови. Силабичниот стих е широко
Прочитај повеќе
итмички стапки се целини од нагласен и ненагласен слог.
Има двосложни и трисложни ритмички стапки.
.
Јамб е двосложна стапка во која првиот слог е ненагласен (краток), а вториот е нагласен (долг).

Во нашиот јазик за да се постигне оваа стапка стихот мора да започне со сврзник, предлог, кратка заменска форма и сл. кои не се акцентираат, а вториот збор е полнозначен двосложен, акцентиран според правилата на првиот слог.

Прочитај повеќе
Песните имаат специфична композиција (конструкција).
Основен елемент на песната е стихот. Стихот претставува еден ред од песната, кој е покус од редот во текстот и се забележува со голо око.
Стиховите се стегнати изрази со специфична звучност, значење и ритмика.
Повеќе стихови оформуваат строфа.
.
Строфа е целина од одреден број стихови со ритам и интонација (може и рима). Таа претставува мисловна целина.

Според бројот на стиховите, разликуваме:

Прочитај повеќе

Лирика е еден од трите литературни рода. Лириката понатаму се дели на лирски видови.

Формата на лириката е стихот. Во прозни текстови може да сретнеме лирски елементи, но тешко ќе сретнеме лирски дела во проза.
Лириката е изразувачка уметност, бидејќи лирските песни се поетски творби со кои се изразуваат чувства, мисли и расположенија. Тие го изразуваат субјективниот став на поетот и претставуваат изблик на чувства, па затоа не
Прочитај повеќе