Написи

од современа литература се подразбира литературата создавана во дваесеттиот век, а уште повеќе литературата по Втората светска војна.

Како последен правец во литературата од XIX век се смета реализмот, а потоа при крајот на XIX и почетокот на XX век се појавуваат неговите продолженија – натурализмот и социјалистичкиот реализам.

Натурализмот подразбира реализам без стилизирање и идеализирање, прикажување на стварноста таква каква што е – со своите неубави, непристојни и тажни, … Прочитај повеќе

гзистенцијализмот се појавува во триесеттите години на XX век во Германија, а по Втората светска војна се проширува во целиот свет, а особено е популарен во Франција.
            Основен проблем што го разгледува егзистенцијализмот е човековата егзистенција под која се подразбира можноста на човекот да избере како ќе дејствува. Слободниот избор со себе ја носи и неизвесноста и несигурноста, па затоа тука доаѓаат до израз егзистенцијалните проблеми.
            Ова учење се јавува … Прочитај повеќе

атурализам е правец кој ја претставува последна фаза на реализмот и егзистира во периодот од 1870 до 1890 година.

Терминот натурализам е преземен од филозофијата каде означува материјализам, епикурејство (лагодност на животот) и световност.
Натуралистите го потенцираат човековото биолошко потекло, како и влијанието на средината. Тие многу внимание му обрнуваат на детаљот при фактографското и аналитичкото прикажување на стварноста.
Главен претставник и заговорник на натурализмот е францускиот писател Емил Зола. … Прочитај повеќе

свен како натурализам, реализмот наоѓа свое продолжување во 20.век, во земјите со социјалистичко уредување. Тој се оформува 1934 година во Советскиот Сојуз на конгресот на писателите кога Максим Горки во својот реферат ги дава основните поставки на правецот. Всушност, со новото уредување, писателите сметале дека треба да има и нова литература – литература која ќе ги сублимира најдобрите работи од реализмот и романтизмот.
Социјалистичкиот реализам треба да прикаже определени негативни … Прочитај повеќе

ак Превер е истакнат француски поет, претставник на надреализмот и симболизмот. Роден на 4 февруари 1900 година во Неи на Сена, предградие на Париз. Анархист, одметник и сонувач, Превер во својата хуманистички ангажирана лирика зборува за животот во различните негови аспекти.

Умрел на 77-годишна возраст.

Попознати негови дела се стихозбирките: „Зборови“ (1945); „Спектакли“ (1951); „Дождот и убавото време“ (1955); „Куп од разни нешта“ (1966); „И други работи“ (1972) и др.… Прочитај повеќе